ДАЛИ НАВИСТИНА ВЕ САКААТ КОМАРЦИ ЗАШТО ПИЕТЕ ПИВО? Ова се седум фактори зошто сте магнет за крвопијци!
ДАЛИ НАВИСТИНА ВЕ САКААТ КОМАРЦИ ЗАШТО ПИЕТЕ ПИВО? Ова се седум фактори зошто сте магнет за крвопијци!
фото: принсcреен/пинтерест
Дали сте некогаш седеле надвор со друштво, а ви се чинело дека комарците касаат само вас, додека другите ги оставаат на мир? Според бројни научни истражувања, тоа не е само ваша фантазија. Постојат неколку докажани причини зошто некои луѓе се вистински магнет за комарци, пишува Бест Лифе.
Некои од тие причини се поврзани со генетика и не можат да се контролираат, но други може да се ублажат со промени во облекувањето, хигиената или однесувањето.
1. Имате крвна група 0
Истражувањата уште од 1970-тите покажуваат дека луѓето со крвна група 0 се значително попривлечни за комарци. Студија од 2004 година објавена во Jоурнал оф Медиcал Ентомологy покажа дека азискиот тигрест комарец слетува на овие лица во 83,3% од случаите, далеку повеќе од на оние со крвна група А.
2. Мирисате „слатко“
Природните телесни мириси, како пот, млечна и уринарна киселина, кои се под влијание на микробиомот и генетиката, делуваат како мамка за комарците. Мирисите од сапуни со овошна или цветна арома исто така ги мамат, покажала студија од 2023 година на Виргиниа Теcх.
3. Се потите
Потта е полна со компоненти што комарците лесно ги откриваат. Истражување од 2019 година идентификуваше специфичен протеин во нивните антени кој ја чувствува млечната киселина.
4. Имате зголемена телесна температура
И без потење, висока температура на телото и издишаниот јаглерод диоксид ги привлекуваат. Затоа комарците полесно ве лоцираат ако вежбате или ви е топло.
5. Бременост
Трудниците издишуваат повеќе CО₂ и имаат повисока температура. Истражување во Бритисх Медиcал Jоурнал од 2000 година покажало дека комарците двојно повеќе ги напаѓаат трудниците.
6. Пиете пиво
Студија објавена во Jоурнал оф тхе Америcан Мосqуито Cонтрол Ассоcиатион утврдила дека пивото значително ја зголемува веројатноста за убод од комарец – дури и една чаша е доволна.
7. Носите „погрешни“ бои
Комарците подобро гледаат темни бои. Црна, темно сина, црвена и портокалова се нивни фаворити. Според студија на Универзитетот Вашингтон (2022), издишаниот CО₂ ги поттикнува визуелно да бараат облека во тие нијанси.
Комарците не напаѓаат по случаен избор – нив ги водат инстинктите, биологијата и нашите секојдневни навики.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!