Дали е мртов таткото на Урош Блажиќ? Морничави тврдења за Радиша Блажиќ ја вознемирија јавноста!
Дали е мртов таткото на Урош Блажиќ? Морничави тврдења за Радиша Блажиќ ја вознемирија јавноста!
Откако вчера на социјалните мрежи се проширија тврдења дека Радиша Блажиќ, таткото на масовниот убиец Урош Блажиќ, наводно починал во затворска болница, уследи брза реакција од Управата за извршување санкции во Србија.
Според официјалното соопштение, Радиша Блажиќ е жив.
фото:принтскрин/муп
„Радиша Блажиќ не е починат. Не бил хоспитализиран, ниту пак претрпел срцев удар. Сите информации што кружат на социјалните мрежи се неточни,“ се наведува во соопштението на Управата.
Оттаму информираат дека осудениот Блажиќ се наоѓа во казнено-поправна установа и нема никакви здравствени компликации кои би барале болничко лекување.
Претходно, тврдењата за неговата наводна смрт предизвикаа силни реакции во јавноста, откако на интернет се појави фотографија од непознато лице приклучено на апарати, со тврдење дека се работи за Блажиќ. Меѓутоа, фотографијата не е потврдена, ниту пак официјално поврзана со него.
урош блажиќ фото:АТА имагес
Управата апелира до граѓаните и медиумите да се воздржат од ширење на дезинформации, особено кога станува збор за чувствителни теми поврзани со затвореници и случаи што веќе предизвикале длабоки емоционални реакции во јавноста.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!