Дакота Џонсон: „Мајка ми ме научи гордо да го покажувам телото“ – откри шокантни детали од снимањето на „50 нијанси сиво“
Дакота Џонсон: „Мајка ми ме научи гордо да го покажувам телото“ – откри шокантни детали од снимањето на „50 нијанси сиво“
Холивудската ѕвезда Дакота Џонсон (35), ќерка на славната Мелани Грифит (67), откри дека уште од детството била воспитувана да се чувствува сигурно и гордо во сопственото тело. Во нов подкаст-интервју, актерката искрено зборуваше за своето искуство со еротските сцени што ја направија глобално позната.
фото:принтскрин/50схадесофграy
„Мама ме научи да го сакам и почитувам своето тело – без срам, без страв. Тоа ми помогна многу во мојата работа“, изјави Дакота, објаснувајќи дека пристапува кон секоја улога со различна ментална и физичка подготовка, зависно од карактерот што го толкува.
Воедно, актерката се наврати и на хаотичното снимање на трилогијата „50 нијанси сиво“, опишувајќи го процесот како „психотичен“. Таа призна дека филмот драстично се разликувал од оригиналната верзија за која потпишала и дека авторката на книгата, Е. Л. Џејмс, имала целосна контрола на сетот, барајќи строго придржување до нејзината визија.
„Некои делови од книгата не функционираа во филмска форма, а работната атмосфера понекогаш беше многу тешка. Но, сепак, среќна сум што го направив тоа“, заклучи Џонсон.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!