Дакота Џонсон јавно го посочи виновникот за неуспехот на „Мадам Веб“!
Дакота Џонсон јавно го посочи виновникот за неуспехот на „Мадам Веб“!
Холивудската ѕвезда Дакота Џонсон конечно проговори за катастрофалниот неуспех на супергеројскиот филм „Мадам Веб“! Без двоумење посочи кон кого оди вината! Во интервју за „Лос Анџелес Тајмс“, актерката отворено изјави дека креативниот процес бил заробен од одбори и луѓе кои, според неа, немаат никакво чувство за уметност.
фото:wомен.еу
„Не беше моја вина“, порача Дакота, додавајќи: „Кога одлуките ги носат луѓе без ни трошка креативност, многу е тешко да се создаде нешто навистина забавно или вредно.“
Филмот, кој заработи разочарувачки 43 милиони долари и има само 11% рејтинг на „Ротен Томатос“! Стана синоним за лошо сценарио, несоодветна режија и изгубена визија.
Џонсон, која ја играше улогата на Касандра Веб, нагласи дека проектот започнал поинак. Со текот на продукцијата целосно се променил правецот.
И покрај жестоката критика и дури неколку „Златни малини“, Џонсон останува оптимист: „Нема дел од мене што вели: ‘Никогаш повеќе нема да го направам тоа’.“ Таа верува дека публиката е доволно паметна да препознае кога нешто не е автентично – а „Мадам Веб“, вели, била жртва на бројки и алгоритми, наместо вистинска визија.
Филмот можеби падна, но Дакота не – таа веќе го промовира својот нов филм „Материјалисти“ и докажува дека неуспехот не е крај, туку само нов почеток!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!