Cвета љубовта во домот на Анастасиjа Деа и Бетмен Велит
СТИГНА ЧЕСТИТКА ЗА БОЖИḰ: Cвета љубовта во домот на водителите Анастасиjа Деа Богданоска и Богдан Илиевски – Бетмен Велит.
Една од нашите наjубави водителки коjа е и уредничка на утринската програма на Алфа ТВ, Анастасиjа Деа Богданоска ужива во празникот Божиḱ со своjот сопруг и двете преслатки ангелчиња.
Таа на своjот офиcиjален Феjсбук профил сподели фотографиjа на коjа позира со сопругот (коj воедно е и неjзин колега во телевизиjата) и двете прекрасни мали ангелчиња.
МИР БОЖJИ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!
СЕ ПРОСЛАВИ КАКО ДЕЛ ОД УТРИНСКАТА „ЗДРАВО МАКЕДОНИJО“
Анастасиjа Деа Богданоска е долгогодишна новинарка чиj текстови секогаш добивале наjголема читаност. Македонската jавност се воодушеви кога од влиjателен интернет портал се префрли во телевизиските води. Како водителка на утринската програма „Здраво Македониjо“ на Канал 5 телевизиjа, Анастасиjа доби армиjа фанови кои продолжиjа да jа следат и во неjзиниот нов ангажман.
Денеска е уредничка на утринската програма и дел од тимот на Алфа ТВ, а таму неjзин колега е и неjзиниот сопруг коj има авторска емисиjа.
ОД МОḰЕН ТВИТЕР АКАУНТ ДО АВТОРСКА ЕМИСИJА
Со своите моḱни „твитови“ jа дрмаше cела Македониjа. Твитер заедниcата го прогласи за еден од наjвлиjателните и науспешни таму, популарниот Богдан Илиевски – Бетмен Велит.
После големите успеси на Твитер (сега Икс), Богдан Илиевски своjата кариера jа продолжи со неделна емисиjа на Алфа ТВ. Во неговата авторска емисиjа коjа се емитува еднаш неделно на фреквенcиjата на оваа телевизиjа, тоj досега ги угости наjголемите политички имиња и аналитичари во земjава.
ЛЈУБОВТА НА ПОЧЕТОКОТ JА КРИЕJА, НО БЕА ОТКРИЕНИ ОД НИВНИТЕ ФАНОВИ
На почеток, нивната љубовна врска jа криеjа од jавноста. Како и многу други познати личности, Анастасиjа и Богдан сакаа своите приватни моменти да ги зачуваат само за себе. Сепак, броjните фанови кои ги имаат веднаш се посомневаа дека меǵу нив постоjат симпатии.
Денеска имаат две преслатки ангелчиња, едно момче и едно девоjче.