Ќерката на Харис Џиновиќ направи хаос на мрежите! Следбениците се во страв за нејзиниот живот!
Ќерката на Харис Џиновиќ направи хаос на мрежите! Следбениците се во страв за нејзиниот живот!
Ќерката на Харис Џиновиќ, Ѓина, секојдневно објавува фотографии и видеа од забави, но последното видео што го постави на Инстаграм предизвика вистински хаос! Поточно, ги загрижи сите нејзини следбеници. Во објавата се гледа како со мака се искачува по скали, што ѝ било физички многу тешко и напорно, па затоа не можела да дојде до здив.
Фото: принтскрин/инстаграм/ѓинаџиновиќ
Ѓина моментално престојува во Монте Карло, каде секојдневно посетува луксузни бутици, но и јаде во скапи ресторани. Иако сите мислеа дека секаде оди со такси или дека ја вози личен возач, ситуацијата сепак е поинаква. Имено, Ѓина објави видео на кое се гледа како се искачува по скали со шише вода во раката и кеса.
Ќерката на Харис Џиновиќ направи хаос на мрежите!
На наследничката на Харис ѝ било премногу напорно тоа што морала да се искачи, па во еден момент почнала да се гуши и едвај доаѓала до здив. Иако тешко дишела, тоа не ѝ пречеше да ја вклучи предната камера и да се сними во таа состојба.
– Вака веќе не може, вака веќе не се живее – рече таа во споменатото видео. Секако, во шега, но нејзините следбеници на Инстаграм тоа го сфатија многу сериозно и почнаа да ѝ испраќаат пораки со поддршка.
БОНУС ВИДЕО!
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ! НИНА РЕД: „СУМ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ!“ (ВИДЕО)
ОКТАЈ СЕЈДИ: ИКОНА НА СТИЛОТ И ИНСПИРАЦИЈА НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.