По бурниот развод и комплицираниот однос со децата од бракот со Анџелина Џоли, кои во последните години сѐ повеќе се дистанцираат од него – некои дури и официјално се откажаа од неговото презиме – холивудскиот актер Бред Пит можеби се наоѓа пред нова животна фаза исполнета со љубов и можност за ново семејство.
Како што објави „РадарОнлине“, неговата партнерка Инес де Рамон сака да го продолжи животот со Пит на посериозно ниво. Според извор близок до двојката, Инес е подготвена за брак и за дете, но поставува еден важен услов – Бред треба да покаже дека е подготвен за целосна посветеност.
„Таа навистина го сака Бред и би сакала да има дете со него, но само ако тој е спремен да се ожени со неа. Тој треба да ѝ покаже дека се грижи за неа“, изјавил изворот, истакнувајќи дека Инес чувствува несигурност поради понекогаш лежерниот однос на Пит кон нивната врска.
Иако љубовта е присутна, Инес наводно се чувствува како да живее во сенката на славната Џоли, што создава емоционален товар. „Уморна е од тоа да биде ‘таа по Џоли’. Сака да знае дека има иднина со Бред – јасна, стабилна и без дилеми“, додава изворот.
Дали Пит е подготвен да ги надмине сопствените стравови и да зачекори во ново семејно поглавје? Времето ќе покаже, но јасно е дека Инес сака повеќе од романса – таа сака живот со значење, стабилност и посветеност.