Бред Пит и Бредли Купер на „ДВОЕН ДЕЈТ“ со своите партнерки во Њујорк!
Бред Пит и Бредли Купер на „ДВОЕН ДЕЈТ“ со своите партнерки во Њујорк!
Холивудските ѕвезди Бред Пит и Бредли Купер беа видени заедно на стилски „доубле дате“ во Њујорк, во друштво на своите партнерки – Инес де Рамон и Џиџи Хадид.
фото:абцневс
Четворката вечераше во луксузниот ресторан Cоте Кореан Стеакхоусе во Манхетен, каде што според очевидци, атмосферата била опуштена, а славните парови уживале во интимна и пријателска средба.
Бред (61) и неговата партнерка Инес де Рамон (32) изгледаа елегантно и складно, а модната икона Џиџи Хадид (30) заедно со Купер (50) внесоа урбан шик во вечерта. Инес блескаше во асиметричен беж фустан, додека Пит носеше светлосина кошула и црни бархетни панталони. Купер и Хадид се појавија во лежерни, но стилски комбинации.
фото:абцневс
Тие се долгогодишни пријатели, а јавноста веќе знае дека Купер бил една од клучните личности што му помогнале на Пит во неговата борба со алкохолот. Вечерата не била поврзана со деловни обврски или филмски кампањи, туку, според блиски извори, станувало збор за приватна средба меѓу пријатели и партнери.
Ова е првпат четворката да биде видена заедно во ваков контекст, што дополнително го разгоре интересот на фановите и медиумите.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!