,,БОШКО ЈАНКОВИЌ БЕШЕ МОЈ ТАКСИСТА” Еве кој бил со Велибор Поповиќ Поп кога се случи обид за АТЕНТАТ врз Саша Мирковиќ! (ВИДЕО)
,,БОШКО ЈАНКОВИЌ БЕШЕ МОЈ ТАКСИСТА” Еве кој бил со Велибор Поповиќ Поп кога се случи обид за АТЕНТАТ врз Саша Мирковиќ! (ВИДЕО)
Саша Мирковиќ, сопственик и директор на Хyпе продукцијата и Хyпе телевизијата, првпат јавно се обрати по бруталниот физички напад врз него што се случи во Загреб.
Во гостување на „Централниот дневник“ кај Сенад Хаџифејзовиќ, Мирковиќ изнесе потресни детали за инцидентот што ја вознемири јавноста.
Да потсетиме, Мирковиќ беше нападнат пред еден луксузен хотел во Загреб, а случајот се води како обид за убиство. Според достапните информации, нападот се поврзува со Велибор Поповиќ Поп, лице познато на полицијата. Напаѓачите му пришле одзади и му нанеле повеќе удари, при што добил тешки телесни повреди и бил итно хоспитализиран.
Неговото вечерашно сведочење предизвика огромен интерес, бидејќи јавноста првпат имаше можност да слушне од него лично што точно се случило и која би можела да биде причината зад нападот.
фото:принтскрин/инстаграм/фаце
– Задоволен сум што седам со чист образ и чисто срце, иако со скршена рака и повреди на главата. Операцијата беше исклучително тешка, траеше четири часа. Успеаја да ми ја спасат раката. Преживеав голгота од страна на криминалец и џепчар. Тој човек не е менаџер. Последен пат Интерпол од Србија го испорача во Франција. Очекувам загрепската полиција да го приведе како убиец – изјави Мирковиќ.
Потоа додаде: ,,Бошко Јанковиќ го знам лично, бидејќи ми беше таксиста пред дваесет години. Работеше како таксита за мене и Бане Обрадовиќ, може да се провери таа информација.” – изјави Мирковиќ.
Да потсетиме, Мирковиќ за нападот директно го обвини Велибор Поповиќ Поп, поранешен застапник на Светлана Ражнатовиќ Цеца.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛО ИНТЕВЈУ!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!