Борис Верменчелиев: „Неготино жали за Фросина! Ги откажавме сите настани во нашиот град!“
Борис Верменчелиев: „Неготино жали за Фросина! Ги откажавме сите настани во нашиот град!“
Пхото: Инстаграм/верменcелиев.б
Неготинчани сплотени како никогаш досега: Музика нема да има викендов во ниеден локал!
Трагедиjата коjа jа потресе Македониjа и во коjа животот го изгуби дизаjнерката Фросина ги обедини неготинчани. Сите угостителски обjекти постигнале едногласен договор за претстоjниот викенд да бидат откажани сите забави и воопшто да нема музика во градот.
Борис Верменчелиев, сопственик на кафуле и ноḱен клуб во Неготино, за ХYПЕ МК вели дека во моментот не е време за забава. Неготино жали за Фросина.
– Со длабока тага и жалост jа примивме веста за трагичната несреḱа во коjа животот го загуби нашата сограǵанка. Во овие тешки моменти, искрено сочувствуваме со неjзиното семеjство, приjателите и сите кои jа познаваа. Како знак на почит и солидарност, сите настани во баровите и рестораните во нашиот град се откажани, вели Борис.
Додава дека оваа трагедиjа не смее да остане заборавена. Апелира секоj коj застанува зад воланот два пати да размисли пред да тргне да вози.
– Оваа трагедиjа не смее да остане заборавена. Затоа, во сабота ḱе се одржи собир во Неготино за да побараме виновникот за Фросина да биде соодветно казнет. Сакаме да испратиме порака дека нема да молчиме пред неправдата и неказнивоста, бараме наjстрого да се казнува возењето без дозвола и во алкохолна состоjба. Ги повикуваме сите граǵани да ни се придружат. Заедно, можеме да направиме промена!, додава Борис.
Борис Верменчелиев: Оваа трагедиjа не потсетува колку е кревок животот и колку е важно да бидеме тука еден за друг во моменти на болка и загуба
– Оваа трагедиjа не потсетува колку е кревок животот и колку е важно да бидеме тука еден за друг во моменти на болка и загуба. Нека почива во мир, а неjзиното семеjство нека наjде сила во оваа неизмерна тага, изjави Борис.
ХYПЕ МК уште еднаш упатува апел да не се вози автомобил без возачка дозвола и во алкохолна состоjба. Доколку сакате да испиете некоjа чашка алкохол при излегување, заштитете се себе и сите во сообраḱаjот, повикаjте такси.
ЧИТАJТЕ ГО СЕКОJ ДЕН НАШИОТ ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛ WWW.ХYПЕТВ.МК!
ДОБИВАJТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР!
ЗАСЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ПРОФИЛИ НА ИНСТАГРАМ @ХYПЕТВ.МК И ТИКТОК @ХYПЕПРОДУCТИОН.МК!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА НАШИОТ YОУТУБЕ КАНАЛ – ХYПЕ МК ЗА НАJНОВИТЕ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!