Битката за „Шато Миравал“ се вжештува: Бред Пит бара пристап до приватни пораки на Анџелина Џоли!
Судската војна меѓу холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли повторно добива на интензитет, овој пат поради француската винарија „Шато Миравал“, која поранешниот пар заеднички ја купи во 2008 година.
Пит неодамна поднесе барање до судот со кое бара пристап до приватни комуникации на Џоли, поврзани со продажбата на нејзиниот удел во винаријата. Според правните документи до кои дојде „Page Six“, актерот сака да ги добие пораките и преписките на Анџелина со Алексеј Олијник од „Столи груп“, за кој тврди дека бил посредник во спорната трансакција.
фото:принтскрин/абцnews
Олијник, кој живее во Швајцарија, одбива да соработува, повикувајќи се на судска пракса и одбивајќи да достави документи или да се појави на рочиште во САД. Но, адвокатите на Пит тврдат дека тие закони не важат во конкретниот случај и инсистираат дека Олијник треба да сведочи во својата земја.
Бред Пит смета дека продажбата на винаријата била потег на Џоли со цел да му се одмазди по разводот, и го тужи нејзиниот деловен потег како нелегален и штетен. Тој тврди дека Олијник дејствувал по наредби на Јуриј Шефлер, шефот на „Столи груп“, и дека е клучен сведок во тековниот процес.
фото:принтскрин/абцnews
Правната сага околу „Шато Миравал“ продолжува, со нови детали што постојано излегуваат на површина – уште еден показател дека разводот на Бред и Анџелина сè уште е далеку од завршен.