„БЕВ И ОСТАНАВ ОДВРАТНА ПЛУКАНИЦА“ – Рале ја моли Ана за прошка, таа ЈАВНО ГИ СПОДЕЛИ СИТЕ ПОРАКИ, ПА ПОРАЧА: „Посакав да ти родам бебе!“
„БЕВ И ОСТАНАВ ОДВРАТНА ПЛУКАНИЦА“ – Рале ја моли Ана за прошка, таа ЈАВНО ГИ СПОДЕЛИ СИТЕ ПОРАКИ, ПА ПОРАЧА: „Посакав да ти родам бебе!“
Пејачката Ана Николиќ стави крај на врската со Горан Ратковиќ – Рале, а сега на својот Инстаграм профил ги објави пораките што ѝ ги испраќал тој.
Фото: АТАИмагес / Принтскрин од Инстаграм / ананиколиcоффиcиал / Хyпе
„Ти благодарам, Ана, што беше тука кога никој не беше. Што простуваше работи што никој не би ги простил. Што беше половина мртва, уништена, а сепак вила. Што секогаш беше храбра за двајцата. Што правев сè што ми велеше ‘не прави’. Те напуштав, се враќав. Што беше човек, жена, сестра, љубовница. Што ме сакаше дури и кога самиот себе се срамев.“
фото: инстаграм принтсcреен / ананиколиcоффиcиал
Во друга порака, Рале пишува:
„Бев ужасно арогантен, дрзок што ветував сешто, а не исполнив ништо. Наместо да те направам најсакања жена – бидејќи жената е убава онолку колку што е сакана – се обидував да ти ја одземам целата магична прашина која правеше, кога ќе се појавиш, сè да застане. Што бев приоритет во твојот живот, од првиот ден до последниот.“
Тој продолжува:
„Толку бев заробен во сопствената безобразност, што колку што беше подобра, толку повеќе те мразев. Умирам од страв дека ќе те изгубам, а сè направив за тоа да се случи. Ти, Ана, не си минлива. Таква среќа се среќава еднаш во животот. Спремна си да загинеш за љубов, а јас не бев ништо од тоа. Тајно ти се воодушевував и истовремено те презирав. Не сум роден за големи нешта како тебе. Никогаш не сум бил, ниту ќе бидам храбар како тебе. А за среќа се потребни мускули. Додека сум жив, горко ќе се каам што бев и останав една одвратна плукавица, која никогаш не беше достојна за тебе. Прости ми, ако можеш, иако знам дека барам невозможно.“
Потоа, Ана објави нивна заедничка фотографија и напиша:
„Разликата е во тоа што само со тебе посакав семејство и да ти родам бебе.“
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.