БЕБИ ДОЛ ГО СМЕНИ ИМЕТО ВО ЛИЧНАТА КАРТА! Пејачката откри како сега се вика!
БЕБИ ДОЛ ГО СМЕНИ ИМЕТО ВО ЛИЧНАТА КАРТА! Пејачката откри како сега се вика!
Пејачката Драгана Шариќ, попозната на јавноста како Беби Дол, до пред неколку години одговараше на тоа име и презиме, но наеднаш решила да го смени во Дана Тодоровиќ.

По смртта на родителите, Беби Дол посакала да започне нов живот, па одбрала и нов идентитет.
– Едноставно решив повеќе да не се викам Драгана Шариќ, ми здосади тоа, а и затоа што сакам да започнам нов живот. Го сменив името во Дана Тодоровиќ. Морам да објаснам зошто. Дана е моето крштено име, а Тодоровиќ го презедов од сопругот. Многу ми се допаѓа како ми прилега и би сакала луѓето отсега да ме викаат така – изјавила тогаш пејачката.
Таа исто така објаснила како во осумдесеттите години го добила својот препознатлив уметнички прекар.
– Една ноќ, кога требаше да се осмисли насловната страна за мојот сингл, се роди тоа „Беби“ како име и „Дол“ како презиме. Мислев дека така ќе ја зачувам мојата приватност. Името го смисли – еве ќе кажам, иако можеби тој не би сакал да се споменува во тој контекст – Срѓан Шапер. Како што јас смислив многу нешта за него, така и тој го реши овој „проблем“. Тој беше мојот „кум“ – открила еднаш Дана Тодоровиќ.
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ, МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ! „Нема ден некој од Хрватска да не ме повика на настап“
На големата сцена во Арена Загреб, Илиќ ќе настапи со голем оркестар, како и со неколку познати гости, чии имиња ќе останат во тајност до последниот ден. Целта е оваа долгоочекувана вечер навистина да се претвори во музички спектакл.
Со оваа прилика, Мирослав Илиќ ќе одбележи повеќе од 50 години успешна кариера, како што неодамна направи и во Белград.
– Тоа ќе биде ноќ полна со спомени, затоа што веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките пејачи на чии концерти доаѓаат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да пеат и да се напијат. А кога ја гледам таквата публика пред мене, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува, и без разлика колку години имам, ќе пеам и во длабока старост. Додека ме држи гласот и додека не ме изнесат од сцената – истакна легендарниот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.