Бали-бег ги избричи мустаќите! Неговите нови фотографии предизвикаа општа пометња!
Бали-бег ги избричи мустаќите! Неговите нови фотографии предизвикаа општа пометња!
Познатиот турски актер Бурак Озџивит стекна огромна популарност ширум светот благодарение на улогата на Бали-бег во серијата Сулејман Величествениот. Иако серијата се емитуваше во периодот од 2011 до 2014 година, беше прикажана во повеќе од 50 земји, а неговиот лик – храбриот воин од придружбата на султанот – го направи еден од најомилените актери, особено кај женската публика.
Фото: принтскрин / Инстаграм / @буракозcивит
Денес, години подоцна, сè уште се зборува за неговата улога како Бали-бег, но и за неговите прочуени мустаќи, кои тогаш беа негов заштитен знак. Сепак, 11 години подоцна, актерот одлучи да се одрече од нив. Фотографија од својот нов изглед објави на Инстаграм, каде што го следат над 25 милиони луѓе.
Виеw тхис пост он Instagram
Објавата за многу кратко време собра стотици илјади лајкови и коментари, а реакциите беа поделени – дел од обожавателите го пофалија неговиот освежен изглед, додека други му порачаа дека мустаќите сепак подобро му стоеле. Инаку, Бурак Озџивит е роден на 24 декември 1984 година во Истанбул. Има 40 години и важи за еден од најплатените и најбараните актери во Турција.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.