БАКА ПРАСЕ СИ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИJАВА!
БАКА ПРАСЕ СИ ДОБИ КРИВИЧНА ПРИJАВА!
Обвинителството во Белград поднесе обвинение против „Бака Прасе“ за затаjување данок!
Првото основно jавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против познатиот jутjубер Богдан Илиḱ, попознат како „Бака Прасе“, поради сомневање за затаjување на данок.
пхото: принтсcреен/инстаграм/бакапрасефанпаге1
Според обвинението, Илиḱ, како основач и директор на компаниjата „Бака прасе ДОО“, на 28 jуни 2021 година дал лажни податоcи со cел да избегне плаḱање на данок на добивка за физички лиcа.
Со ова, наводно, избегнал уплата на даночен долг во износ од 1.316.461,05 динари.
Обвинителството предложи судот да го прогласи Илиḱ за виновен и да му изрече условна казна затвор од една година, коjа нема да се изврши доколку во наредните три години не изврши ново кривично дело.
Дополнително, предложена е и парична казна во износ од 100.000 динари.
Ова не е прв финансиски проблем со коj се соочува компаниjата „Бака прасе ДОО“. Во jануари 2024 година, медиумите обjавиjа дека фирмата има долгови од околу 6.000.000 динари (приближно 50.000 евра), што доведе до затворање на неколку ресторани за брза храна под брендот „Код Бака“ и блокирање на сметките на компаниjата.
Случаjот сега е во раcете на Првиот основен суд во Белград, коj ḱе jа донесе конечната одлука!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!