Бака Прасе повторно со жесток напад: „Гастоз ми даваше совети, а зад грб ме плукаше – цела држава ми се смееше за неколку илјади евра!“
Бака Прасе повторно со жесток напад: „Гастоз ми даваше совети, а зад грб ме плукаше – цела држава ми се смееше за неколку илјади евра!“
фото:принтксрин/јутуб/бакапрасе/илустрација
Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, повторно ја разбранува јавноста со своите коментари, овојпат упатени кон ријалити ѕвездата Ненад Маринковиќ – Гастоз.
Во видео објавено на ТикТок, Илиќ се присети на моменти од својата кариера, особено од 2019 година, кога доживеа огромен подем на социјалните мрежи.
„Брате, важно е што ми зборуваше Гастоз. Кога се крена хајпот околу мене во 2019, ми праќаше пораки: ‘Не така, брате, не ти треба тоа. Јас сето тоа веќе го поминав, не прави грешки’,“ започна Бака Прасе.
Сепак, неговиот став за Маринковиќ брзо се промени:
„Си мислам, што ми збори овој – полека, брате… Кога ги поставив билбордите низ градот, си реков – јас го поминав сето тоа. Бата заврши во ријалити, а мене ми дава совети, тоа ми беше најјако. Може да ми даде совет како цела држава да ми се смее цел живот за неколку илјади евра,“ рече тој со доза на иронија.
Тој го обвини Гастоз и за лицемерие:
„После се правеше другар, ми даваше совети, а зад грб ме пцуеше и зборуваше секакви работи. Дечкото е, брате, дебил,“ остро заклучи Бака Прасе.
Ова не е првпат јутјуберот да влезе во отворен конфликт со јавни личности.
Со својот директен и неконвенционален стил, Илиќ често ја поларизира јавноста, но очигледно е дека не се двоуми да каже што мисли – без разлика на последиците.
Дали ќе следи реакција од Гастоз, останува да се види. Со оглед на нивната историја, оваа јавна пресметка може дури и да продолжи.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!