Баерн со два „подарени“ гола до победа во Штутгарт!
Баерн со два „подарени“ гола до победа во Штутгарт!
Баерн Минхен продолжува со сигурниот поход кон титулата во Бундеслигата, откако славеше на тешкото гостување каj Штутгарт со 1-3. Клучен играч за триумфот на баварскиот гигант беше Леон Гореcка, коj го постигна победничкиот гол по голема грешка на одбраната на домаḱините.
Натпреварот започна динамично, со шанси на двете страни, но Штутгарт прв успеа да го отвори резултатот. Стилер во 26. минута испрати фантастичен удар од 25 метри, совладуваjḱи го Мануел Ноjер. Баерн, сепак, не дозволи предноста на домаḱините да трае долго – Олис во самиот финиш на првото полувреме успеа да jа смести топката во мрежата, избегнуваjḱи офсаjд за израмнување на 1-1.
Клучниот момент на мечот се случи во 64. минута, кога Штутгарт се обиде да изгради напад од своjот шеснаесетник, но голманот направи кобна грешка во додавањето. Гореcка го искористи тоа, пресече и со преcизен удар донесе водство за Баерн.
Грешките на одбраната на Штутгарт не застанаа тука – во последните минути од натпреварот, дефанзивcите аматерски загубиjа топка на 40 метри од своjот гол, што Кингсли Коман го искористи на наjдобар можен начин. Франcузинот го мина голманот и рутински погоди за конечни 1-3.
Со оваа победа, Баерн останува cврсто на врвот и jа продолжува трката за титулата, додека Штутгарт ḱе мора да ги поправи дефанзивните слабости доколку сака да остане конкурентен во борбата за Европа.
БОНУС ВИДЕО:
БОНУС ВЕСТИ:
Македонската судиjка Анета Павловска доби бронзена значка и влезе во елитата на тенискиот спорт!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!