БАБА МУ ЈА ОДОБРИ! – ОВАА ВИДЕО НА ТАСКО ЌЕ ВЕ ИЗНАСМЕЕ ДО СОЛЗИ! (ВИДЕО)
БАБА МУ ЈА ОДОБРИ! – ОВАА ВИДЕО НА ТАСКО ЌЕ ВЕ ИЗНАСМЕЕ ДО СОЛЗИ! (ВИДЕО)
Македонскиот пејач Таско дефинитивно знае како да го задржи вниманието на јавноста. Додека траеше врева околу наводната расправија со неговиот колега Лука Чомбе за песната „Мариа“, тој работеше зад кулисите на нешто многу поголемо – нов музички албум кој веќе предизвикува огромно внимание на социјалните мрежи.
Фото/ HYPE МК
На ТикТок, каде што е меѓу најактивните музичари на македонската сцена, Таско постојано објавува нови мелодии, делови од нумери и креативни видеа со кои директно ги вклучува фановите во процесот на создавање. Едно видео посебно го освои интернетот – во него Таско се вози со својата баба и шеговито изјавува дека песната „Мариа“ официјално е одобрена од неа. Коментарите не стивнуваат, а обожавателите се воодушевени од неговата искреност и хумор.
@таско_ур Баба аппровес тхис бангер ! 😂 Го листен то “Мариа” еверywхере ! 💥 #неwсонг #неwтренд #форyоу #фyп #артист #мусиc #суммер #сонг #балкан #мариа
И додека некои медиуми шпекулираа за сериозен конфликт со Лука Чомбе, вистината излезе на виделина – целата драма била вешто испланирана кампања за привлекување внимание околу новата песна. „Мариа“ веќе се врти по социјалните мрежи и добива одлични реакции, што само го засилува интересот за остатокот од албумот.
Таско најавува дека албумот ќе содржи емотивни песни, урбани звуци и теми блиски до секојдневието на младите, но и на постарата публика. Работата е во завршна фаза, а издавањето се очекува наскоро. Ако баба му вели дека песната е добра – тогаш Македонија навистина треба да се подготви за уште еден голем музички хит.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.