Австралија му ја укина визата на Канје Вест поради песна во која го слави Хитлер!
Австралија му ја укина визата на Канје Вест поради песна во која го слави Хитлер!
Австралија му ја укина визата на Канје Вест поради новата контроверзна песна „Хајл Хитлер“, објавена на 8 мај – денот на капитулацијата на нацистичка Германија. Министерот за внатрешни работи, Тони Бурк, изјави дека „Австралија нема потреба од промоција на нацизмот“ и дека земјата не сака да „увезува омраза“.
Фото:абцнењс
Песната, која беше забранета на платформи како Јутјуб, но сепак стана вирална на социјалните мрежи, прикажува афроамерикански статисти во животински кожи како пеат рефрен во кој се фали Адолф Хитлер, а завршува со говор на самиот нацистички лидер.
Иако Канје Вест често ја посетува Австралија поради сопругата Бјанка Цензори, која е Австралијка, надлежните нагласија дека овој пат нема да биде добредојден. Министерот Бурк потврди дека одлуката не е поврзана со концерти или јавни настапи, туку со неговиот екстремистички став.
Во изминатите години, Канје стана познат не само по својата музика и 24-те Греми награди, туку и по низата антисемитски изјави, поддршката на Доналд Трамп и неодамнешната одбрана на Пи Диди, кој се соочува со сериозни обвиненија за трговија со луѓе.
Во Словачка веќе започна петиција против концертот на Канје Вест, закажан за 20 јули во Братислава. Повеќе од 3.000 луѓе ја потпишале, обвинувајќи го Вест за поддршка на нацизмот.
Сè уште не е јасно дали Канје Вест има трајна за
БОНУС ВИДЕО:
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!