Аца Лукас создава сопствена КРИПТОВАЛУТА – $LUKAS влегува во светот на дигиталните валути!
Една од најпознатите јавни личности од Балканот, Аца Лукас, најави дека започнува сопствен крипто-токен со назив $LUKAS. Ова ќе биде првата криптовалута од Балканот која има за цел да донесе реална вредност за луѓето кои ќе ја користат, но и да се појави на светскиот пазар.

FOTO:iNSTAGRAM:$LUKAS – Aca Lukas
Што е $LUKAS?
$LUKAS не е само уште една „интернет пара“. Тоа е дигитален токен што ќе може да се користи за разни поволности, како на пример:
- Купување на официјален Аца Лукас мерч (маици, капи и сл.)
- Пристап до ексклузивни концерти и настани
- Учество во специјални ВИП активности и награди
- Можност за учество во развојот на проектот
- Заработка на дополнителни поволности преку таканаречен „стејкинг“ – што значи дека со чување на токените, ќе добивате награди
Првата вистинска криптовалута од Балканот
За разлика од многу други криптовалути што служат само за шпекулација, $LUKAS има цел да биде корисна во секојдневниот живот и да создаде заедница од луѓе кои ќе учествуваат во нејзиниот развој.
Кога започнува?
Засега нема точно утврден датум за лансирање, ниту се објавени сите технички детали. Аца Лукас изјави дека сите информации наскоро ќе бидат достапни на официјалната веб-страница и на социјалните мрежи.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.