АРНИ СЕ ВРАЌА! Шварценегер ЈА НАЈАВИ ВТОРАТА СЕЗОНА НА „ФУБАР“ – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА АКЦИЈА, ХУМОР И НОВИ ЛИКОВИ! (ВИДЕО)
АРНИ СЕ ВРАЌА! Шварценегер ЈА НАЈАВИ ВТОРАТА СЕЗОНА НА „ФУБАР“ – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА АКЦИЈА, ХУМОР И НОВИ ЛИКОВИ! (ВИДЕО)
Арнолд Шварценегер повторно е во акција! Легендарниот актер ја потврди втората сезона на хитовата серија „ФУБАР“, која на 12 јуни се враќа на Нетфлиx со уште повеќе акција, хумор и интриги.
фото:абcнеwс
Во новата сезона, Лук (Арни) и неговата ќерка Ема (Моника Барбаро) продолжуваат да го истражуваат нивниот сложен однос како тајни агенти на ЦИА. Откако открија дека и двајцата воделе двоен живот, сега мора да се справат со уште поголема закана – мистериозна терористка од минатото на Лук, во чиешто лице ќе го видиме засилувањето во актерската постава – Кери-Ан Мос.
Таа ќе ја игра германската антихероина опседната со уништување на светскиот поредок – и на самиот Лук. Дали има недовршена љубовна приказна меѓу нив, или само смртоносен реванш? Публиката ќе дознае наскоро, а Арни повторно ќе блесне во својот препознатлив стил полн со комични моменти и акциски сцени.
Паралелно, Ема ќе се најде во нова љубовна дилема – со агент од МИ6, што ќе внесе дополнителна доза драма и романтика во приказната.
Моника Барбаро, која од минатата сезона стана вистинска ѕвезда, сега пристигнува во вториот круг како оскаровска номинантка, што серијата ја става на сосема ново ниво.
Ако сте љубител на сериите со брз ритам, шпионажа и доза смеа, не го пропуштајте 12 јуни, кога втората сезона на „ФУБАР“ ќе биде достапна целосно – типично за Нетфлиx, кој останува верен на својата формула: сè одеднаш, без чекање!
АРНИ СЕ ВРАЌА! Шварценегер ЈА НАЈАВИ ВТОРАТА СЕЗОНА НА „ФУБАР“ – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА АКЦИЈА, ХУМОР И НОВИ ЛИКОВИ! (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!