Армијата во првите редови: 60 војници го гаснат пожарот кај касарната Ѓорче Петров!
Армијата во првите редови: 60 војници го гаснат пожарот кај касарната Ѓорче Петров!
Голем пожар изби во близина на касарната во Ѓорче Петров, каде со забрзано темпо се води акција за негово локализирање. На терен се ангажирани 60 припадници на Армијата на Република Северна Македонија (АРМ), кои се дел од поширока интервенција за справување со пожарите што го зафатија овој дел од Скопје.
Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата моментално има вкупно 63 припадници ангажирани на неколку локации низ државата. Најголем дел од нив се распоредени токму во Ѓорче Петров, каде што пожарот се шири во непосредна близина на касарната. Дополнително, во село Николиќ се распоредени уште 60 припадници, а во Крива Паланка дејствуваат 30 армиски лица. Една специјализирана екипа од АБХО (за атомско-биолошка и хемиска одбрана) е ангажирана во гаснење на пожарот во Визбегово.
фото:принтскрин/арм
Од Општина Ѓорче Петров информираат дека на терен се мобилизирани повеќе служби: Противпожарната бригада, припадници на МВР (вклучително и Единицата за брзо распоредување – ЕБР и Интервентната полиција), припадници на АРМ, како и локално население кое се приклучило во обидот да се спречи ширење на огнот.
Во акцијата е вклучена и авијацијата – Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптер на МВР е упатен кон селото Орман, исто така во општина Ѓорче Петров.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не се приближуваат до критичните точки и да ги следат упатствата на службите на терен. Ситуацијата се следи внимателно, а повеќе екипи се во состојба на готовност доколку дојде до нови пожари.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
К.М.