Античкиот театар ќе блесне: Почнува 65то издание на Охридско лето со светски позната пијанистка и Македонската филхармонија
Античкиот театар ќе блесне: Почнува 65то издание на Охридско лето со светски позната пијанистка и Македонската филхармонија!
фото:принтскрин:охридсколето/фб
Под мотото „Трансформација на сетилата“, утревечер (12 јули) од 21 часот на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 65-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“.
Фестивалот годинава го отвора прочуената американска пијанистка Клер Хуангчи, заедно со Националната филхармонија на Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Аутвотер – еден од најиновативните диригенти на денешницата, познат по смели музички фузии и соработки со имиња како „Металлиcа“, Рене Флеминг и Јо-Јо Ма.
Хуангчи, која потекнува од Њујорк, пијано започнува да учи во рана возраст, а уште на 10 години настапува во Белата куќа. Наградена е на повеќе меѓународни натпревари и денес активно настапува како солист и диригент, а исто така е амбасадор на познатата издавачка куќа „Хенле“.
Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, изјави дека годинава публиката ќе има можност да проследи врвна програма во текот на 40 фестивалски денови, достојна за одбележување на големиот јубилеј.
„Оваа година добиваме значајна поддршка од Министерството за култура и туризам во износ од 31 милион денари, што ни овозможи да подготвиме програма која ќе ја оправда довербата на институциите и публиката“, вели Цуцковски.
Фестивалот се одржува под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а како главен спонзор се јавува А1 Македонија. Поддршка даваат и Општина Охрид, амбасади, како и бројни други институции и пријатели на културата.
Инаку, „Охридско лето“ од 1994 година е член на престижната Европска асоцијација на фестивали (ЕФА), ставајќи ја Македонија на светската културна мапа.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
К.М.