Јаневска упатува сериозен апел до учениците- денес стартува полагањето на државната матура!
Јаневска упатува сериозен апел до учениците- денес стартува полагањето на државната матура!
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, преку својот Фејсбук профил ги повика сите ученици сериозно да ја сфатат обврската и да се подготват за утрешниот почеток на полагањето на државната матура. Таа истакна дека сите услови за успешно спроведување на испитите се подготвени.
„Апелирам до набљудувачите, тестаторите и директорите на училиштата да бидат на висина на задачата и да го обезбедат објективниот процес без нерегуларности. Не смее да има повторување на непријатни ситуации од минатото,“ порача Јаневска.
фото:министерство за образование
Министерката додаде дека креативноста на учениците треба да се насочи кон позитивни дела, а не кон обиди за изигрување на системот, бидејќи препишувањето ќе носи сериозни последици – забрана за полагање цела година и блокирање на можноста за добивање диплома.
„Среќно на сите ученици!“ порача Јаневска и ги повика сите да го дадат својот максимум за фер и успешен испитен процес.
Денес стартува полагањето на државната матура – Јаневска упатува сериозен апел до учениците!
Бонус видео:
БОНУС ВЕСТ:
„ПОБЕДНИКОТ ЗЕМА СЕ, ГУБИТНИКОТ МОРА ДА ПАДНЕ“ – Со својата објава Саша Мирковиќ ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, а ОВОЈ ДЕТАЛ КРИЕ СПЕЦИЈАЛНА ПОРАКА? Дали ОВИЕ ЗБОРОВИ се упатени на некого?
Објавата на Саша Мирковиќ ги запали мрежите
Сопственикот и директор на Хyпе Телевизија, Саша Мирковиќ, го збогати возниот парк на Хyпе продукција со врвен модел – Мерcедес Маyбаcх, симбол на моќ, луксуз и сериозни деловни амбиции.
Објавата на Саша Мирковиќ ги запали мрежите!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!