Анета Љумаковска блесна на грчкото сонце – нова песна, нов спот, нова енергија!
Анета Љумаковска блесна на грчкото сонце – нова песна, нов спот, нова енергија!
Македонската музичка дива, Анета Љумаковска, повторно е во центарот на вниманието – овојпат со снимање на нов видеоспот на атрактивна локација во Грција! Сонцето, морето и урбаниот шарм на Кавала беа совршена сценографија за визуелното оживување на нејзината најнова песна.
фото:принтскрин/фб/анетаљумаковска
„Два интензивни дена исполнети со топлина, замор и патувања, но сè со насмевка и позитивна енергија. Мисијата е исполнета – сега со нетрпение го очекуваме крајниот резултат!“ – вели Анета, која зад себе има бројни успешни проекти, но секогаш изненадува со нова свежина.
фото:принтскрин/фб/анетаљумаковска
Песната, на која работеше со проверен тим – музиката е на Бобан Мојсовски, а текстот на Анита Даева, наскоро ќе ја доживее својата премиера, а фановите веќе го очекуваат видеото со нетрпение.
Со овој проект, Љумаковска уште еднаш докажува зошто важи за една од најмоќните женски гласови на македонската и балканската сцена.
За потсетување, Анета гостуваше на нашата телевизија каде што ексклузивно проговори за разводот, причините но и како се справила со тоа! Ексклузивното интервју може да го погледнете во продолжение!
фото:принтскрин/фб/анетаљумаковска
Анета Љумаковска блесна на грчкото сонце – нова песна, нов спот, нова енергија!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!