АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР ПАДНА ПО НАМАЛЕНИОТ КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ И ЗАКАНИТЕ СО ЦАРИНИ
АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР ПАДНА ПО НАМАЛЕНИОТ КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ И ЗАКАНИТЕ СО ЦАРИНИ
фото/пиxбаy
Вредноста на американскиот долар доживеа значителен пад откако меѓународната агенција Моодy’с го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1. Причина за оваа одлука се огромниот федерален дефицит, високите трошоци за финансирање, како и најавените кратења на даноците.
Во изминатата седмица, доларот ослабе за 1,9 проценти во однос на кошничка од шест главни светски валути.
Еврото бележи пораст од 1,7 проценти во однос на доларот, па моментално едно евро се разменува за 1,1360 долари. Во однос на јапонскиот јен, американската валута падна за 2,1 проценти, при што еден долар вреди 142,55 јени.
Јавниот долг на САД достигна приближно 36,2 трилиони долари, а според проценките, во следните десет години може да порасне за уште 3,8 трилиони долари. Причината за тоа е најавената фискална политика на претседателот Доналд Трамп, кој планира ново намалување на даноците.
Како последица, приносите од американските државни обврзници забележаа значителен пораст, што значи дека владата мора да позајмува средства по повисоки каматни стапки.
Иако даночните олеснувања би можеле да ја зголемат потрошувачката и да го стимулираат економскиот раст, експертите предупредуваат дека јавниот долг би продолжил да расте доколку не се намалат владините трошоци.
Дополнителен притисок врз доларот се појави пред два дена, кога Трамп упати нова закана кон Европската Унија, најавувајќи можни царини од 50 проценти од 1 јуни. Тој изрази незадоволство од текот на трговските преговори меѓу САД и ЕУ.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!