Американски фонд „Велосити Спорт Партнерс“ ќе ја преземе контролата над Еспањол за 200 милиони евра!
Американски фонд „Велосити Спорт Партнерс“ ќе ја преземе контролата над Еспањол за 200 милиони евра!
фото:спорт.мк
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици, откако американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, во сопственост на бизнисменот Алан Пејс, ќе ја преземе мнозинската контрола над клубот.
Според извори од „Марка“, целата трансакција вреди околу 200 милиони евра, од кои 180 милиони се директна инвестиција за преземање на 99% од акциите, додека останатите 20 милиони се предвидени како бонус поврзан со перформансите на клубот.
Овој фонд веќе е мнозински сопственик на премиерлигашот Брајтон, што дополнително ја нагласува сериозноста на инвестицијата. Договорот, кој беше предмет на детална проверка во последните три месеци, се очекува да биде финализиран следната недела.
Новите сопственици најавуваат почеток на нова ера за Еспањол, со првиот приоритет да биде засилување на тимот за следната фудбалска сезона, што го прави ова една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години.
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!