НАПАД ВО АЕРОДРОМ: НАПАДНАТА 70 ГОДИШНА ЖЕНА!
НАПАД ВО АЕРОДРОМ: НАПАДНАТА 70 ГОДИШНА ЖЕНА!
Нова пријава за физички напад ја потресе јавноста во Скопје. Овојпат мета на насилство била 70-годишна жена, која според првичните информации, била нападната доцна синоќа, само неколку минути пред полноќ, на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска (13.06.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 12.06.2025 година, околу 23.50 часот, лицето З.Д. (64) од Скопје физички ја нападнал М.Н. (70), исто така од Скопје.
Инцидентот се случил на улица во Аеродром, но засега не се откриваат детали околу причините за нападот, ниту дали напаѓачот и жртвата се познавале. Според изворите, жртвата претрпела физички повреди, но не се наведува тежината на истите, ниту дали побарала лекарска помош.
Полицијата веднаш по добиената пријава излегла на терен, и во моментов работи на целосно документирање на случајот. Од МВР информираат дека по завршувањето на истрагата ќе следува соодветен поднесок против напаѓачот.
Ова е уште еден во низата случаи кои ја отвораат дебатата за безбедноста на постарите лица, особено во доцните вечерни часови, кога улиците се речиси празни. Граѓаните од Аеродром бараат засилено полициско присуство и брза реакција на институциите, со цел ваквите инциденти да не се повторат.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!