АЕК БАРА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА РЕВАНШОТ СО АЛКАЛОИД И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ЕХФ!
АЕК БАРА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА РЕВАНШОТ СО АЛКАЛОИД И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ЕХФ!
АЕК БАРА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА РЕВАНШОТ СО АЛКАЛОИД
АЕК од Атина побара нов термин за реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп против македонскиот тим Алкалоид, кој не се одигра според планираното. Од клубот објавија дека ова не е само нивно барање, туку и став на сите оние што веруваат дека спортските дуели треба да се решаваат на теренот, под еднакви и праведни услови.
Фото:АЕК Атхлетиc Cлуб
Според АЕК, Алкалоид ги прекршил прописите на Европската ракометна федерација (ЕХФ), додека тие самите ги почитувале. Атинскиот клуб нагласува дека од почетокот води „огромна битка за да ја заштити честа и достоинството на клубот, навивачите, грчкиот ракомет и целата држава“.
Особено ја истакнуваат, како што велат, провокацијата поврзана со ограничувањето на грчките навивачи да ја преминат границата и да присуствуваат на натпреварот во Скопје.
АЕК БАРА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА РЕВАНШОТ СО АЛКАЛОИД И ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ЕХФ!
– Кој може да ја оправда или поддржи блокадата на границата и забраната за влез на грчки граѓани, иако не постоеше никаква официјална директива за ограничување на движењето – било индивидуално, било организирано? – прашуваат од АЕК.
Тие ја посочуваат и неправедната распределба на билети. Од предвидените 2.000 билети, само 200 биле доделени на навивачите на АЕК, додека салата во Скопје, според нив, била преполна со над 6.000 домашни гледачи. АЕК прашува зошто не била испочитувана регулативата на ЕХФ за односот „90-10“ при дистрибуција на билети за финални натпревари.
СЕ ПОВЛЕКУВА ДУШКО ТОШИЌ?! ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР ДОНЕСЕ НЕОЧЕКУВАНА ОДЛУКА – ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ!
Клубот ја поздравува и реакцијата на Ракометната федерација на Грција, која вчера испрати официјално писмо до ЕХФ. Од АЕК додаваат дека и грчките и европските ракометни функционери биле присутни на безбедносниот состанок и се запознаени со тоа што било договорено и кој ги прекршил договорите.
АЕК БАРА ПРЕЗАКАЖУВАЊЕ НА РЕВАНШОТ СО АЛКАЛОИД
– Се надеваме дека ЕХФ ќе ја исполни својата обврска и со соодветна одлука ќе покаже дека натпреварите треба да се решаваат исклучиво на терен. Во духот на фер-плеј и согласно официјалните прописи – заклучуваат од АЕК.
Реваншот меѓу Алкалоид и АЕК требаше да се одигра во неделата во Скопје. Не се одржа бидејќи играчите на АЕК одбија да излезат на терен.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.