АДРЕНАЛИНОТ НА ДВА ТРКАЛА: МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ПЕТАР МИЈАЛКОВ ГО ОСВОЈУВА ЕВРОПСКИОТ ПОДИУМ! (ВИДЕО)
АДРЕНАЛИНОТ НА ДВА ТРКАЛА: МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ПЕТАР МИЈАЛКОВ ГО ОСВОЈУВА ЕВРОПСКИОТ ПОДИУМ! (ВИДЕО)
Мотоциклизмот – спорт за храбрите
Мотоциклистичкиот спорт одамна не е само хоби или средство за адреналин. Тој е комбинација од прецизност, храброст, техничко совладување на машината и неверојатна физичка и ментална подготвеност. Денес, се вбројува меѓу најпредизвикувачките и најопасните моторни спортови, каде само најодлучните успеваат да останат на патеката и да стигнат до подиумот.
Фото/ХАЈП МК
Токму од Македонија доаѓа еден таков талент, кој со својот ентузијазам, посветеност и резултати, станува сè поголемо име не само на домашната, туку и на европската мото-сцена. Петар Мијалков, момчето од Штип, не е само уште еден мото-ентузијаст. Тој е единствениот Македонец кој успешно нижи титули на државно и европско ниво во својата категорија – Ф1000.
БЕЗ ГРАМ ШМИНКА: МАКЕДОНКАТА СО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ЗАДНИЦИ ПЛЕНИ И КОГА НЕМА ФИЛТРИ!
Во својата прва сезона, Мијалков забележа извонредни резултати:
6-то место во БМУ Европскиот шампионат
2-ро место во Македонскиот шампионат
Како и многу други бројни титули и пехари. Петар гордо го вее македонското знаме на секоја трка и не го крие задоволството, но и ја потенцира цената на успехот: „Се соочив со бројни проблеми – од технички потешкотии со моторот до сопственото неискуство. Но, благодарение на мојата екипа и луѓето кои ме поддржуваа, успеавме да го истуркаме до крај.“
Фото/ХАЈП МК
Што следува понатаму?
Мијалков веќе ги крои плановите за следната сезона: „Продолжуваме со нови сили, нови цели и нова надеж за уште поголем успех. Ќе работиме напорно и ќе се бориме да стигнеме до врвот.“
Фото/ХАЈП МК
Неговата приказна не е само за мотоциклизмот – таа е за истрајноста, пасијата и силната волја. И ако досега Штип беше препознатлив по историјата и културата, сега може гордо да каже дека има свој европски шампион на две тркала.
„МОНО АЛЕКС СО ФЕРАРИ ПО ВОДА: ДАЛИ ГО НАУЧИ АВТОМОБИЛОТ ДА ПЛИВА?“ (ФОТО)
Во продолжение, ви ја претставуваме приказната на Петар Мијалков!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.