Пожар кај Бујковци ја зафати и црквата, сообраќајка поради чадот на автопатот Скопје–Куманово!
Пожар кај Бујковци ја зафати и црквата, сообраќајка поради чадот на автопатот Скопје–Куманово!
Голем пожар што избувна вчера попладне во близина на селото Бујковци предизвика сериозни последици, при што делумно беше зафатен покривот на црква во атарот на селото Мршевци, а поради густ чад дојде и до сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово.
Пожарот, потпомогнат од високите температури и ветерот, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“, а пожарникарите од Скопје, со поддршка од касарната „Ѓорче Петров“, Кавадрци, како и од екипи на „БТР“ и „Хермелини“ при Дирекцијата за заштита и спасување, интервенираа на неколку критични точки.
Автопатот Скопје–Куманово беше привремено затворен за сообраќај поради значително намалена видливост предизвикана од чадот, а едно возило излетало од патот во близина на критичниот регион, информираат надлежните.
фото:принтскрин/инстаграм/мк.пиреј
Локалното население активно се вклучи во гаснењето, а на терен беше ангажирана и тешка механизација со која се изведуваа заштитни појаси за да се спречи проширување на пожарот кон куќите.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека опасноста сè уште не е целосно отстранета, особено бидејќи пожарот вчера се доближи и до црквата Света Петка во кумановскиот регион.
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во ризичните зони, а сите капацитети на терен остануваат мобилизирани и денес.
БОНУС ВИДЕО:
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!
ХОРОСКОП ЗА 30 ЈУНИ, ПОНЕДЕЛНИК! НОВА МОЖНОСТ ВО ЖИВОТОТ НА РАКОТ ОВА ЛЕТО!
МАРКО ТАСЕВСКИ ИНДИГО: „НЕ МОЖЕ ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈ ШТО ЗНАЕ ДА ЦРТА!“ (ВИДЕО)
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!