ОЛИМПИЈА ГО СКРШИ РЕКОРДОТ ЗА МИТРОВСКИ!
ОЛИМПИЈА ГО СКРШИ РЕКОРДОТ ЗА МИТРОВСКИ!
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски стана најскапото засилување во историјата на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана! Фудбалерот кој ги бранеше боите на хрватскиот Вараждин направи трансфер кој ја разбранува спортската сцена во регионот.
Иако точната сума засега се држи во тајност, се шпекулира дека Олимпија платила над 800.000 евра, што го надминува дотогашниот рекорд на клубот – ангажманот на Нигериецот Блесинг Елеке. Со потпис до летото 2028 година, Митровски влегува во историјата како рекорден трансфер на „змејовите“.
26-годишниот десен крилен напаѓач блескаше минатата сезона во дресот на Вараждин со осум голови на 28 натпревари, а неговата моментална пазарна вредност се проценува на 1,5 милиони евра.
Митровски ќе го заземе местото на Раул Флоруч, кој се очекува наскоро да направи чекор напред во својата кариера. Новиот фудбалер на Олимпија зад себе има осум настапи за македонската репрезентација и беше активен во последниот циклус натпревари против Белгија и Казахстан.
Неговото доаѓање во Вараждин се случи во јануари 2023 година, од италијанскиот Брера. Претходно играше за неколку познати клубови, меѓу кои Работнички, Ханза Росток, Магдебург и Спортинг Лисабон.
Со емоционална порака, Вараждин се прости од Митровски:
„По две и пол сезони и 71 натпревар, 13 голови и три асистенции, тој остави длабока трага. Посебно ќе го паметиме по минатата сезона и неговиот придонес во историските квалификации за Лигата на конференции на УЕФА. Димитар, ти благодариме за сè што ни даде. Среќно во новото поглавје!“
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!