СКОПЈЕ БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПОЖАР – ПРВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА!
СКОПЈЕ БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПОЖАР – ПРВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА!
ФОТО/ВИРТУАЛМАКЕДОНИЈА
На 12 јуни, нешто по 11:00 часот, избувна голем пожар на отворено во близина на скопската локација „Вардариште“. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, гореле сува трева, отпад и дрвја. За среќа, нема повредени граѓани.
Екипи од Противпожарната бригада на Скопје интервенирале веднаш. Пожарот бил локализиран за кратко време, благодарение на нивната брза реакција.
Како мерка на претпазливост, од страна на МЕПСО била исклучена електричната енергија во неколку општини и села. Без струја останале жителите на Аеродром, Стајковци, Трубарево, Јурумлери и делови од индустриската зона во Гази Баба.
Прекинот траел до 15:30 часот, а според официјалните податоци, биле погодени над 47.000 корисници.
Од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот. Причините за пожарот засега не се познати. Се истражуваат повеќе можности, вклучително и невнимание или високи температури.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат внимателни. Особено во летниот период, кога опасноста од пожари е значително зголемена. Секоја неправилност или сомнеж треба веднаш да се пријави во надлежните служби.
Иако пожарот предизвика големи технички последици, благодарение на брзата реакција, избегната е поголема материјална штета.
Граѓаните бараат поефикасни мерки за заштита од пожари и подобра комуникација при кризни ситуации. Очекуваат и итна реакција од општинските власти за расчистување на опасните зони.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Д.Н.