Тара Симов со искрено сведоштво: ,,ПРЕМИНАВ ПРЕКУ СЕ САМО ЗА НИКОЛАЈ ДА ИМА МАЈКА И ТАТКО!”
Тара Симов со искрено сведоштво: ,,ПРЕМИНАВ ПРЕКУ СЕ САМО ЗА НИКОЛАЈ ДА ИМА МАЈКА И ТАТКО!”
Познатата ријалити ѕвезда и инфлуенсерка Тара Симов отворено проговори за најинтимните делови од својот живот во најновата епизода на Лазаров Подкаст. Со емоции и искреност, Тара зборуваше за детството, односот со родителите, но и за врската со таткото на нејзиниот син, Данило.
„Преминав преку сè само Николај да има мајка и татко“, изјави Тара, објаснувајќи дека заради својот син е подготвена да прости многу нешта, само тој да не расте без присуството на двајцата родители, како што тоа го доживеала таа.
Во разговорот се потсети на тешките денови од бременоста, кога морала да биде и мајка и татко, и жена која самостојно се грижи за домот. „Тешко е, но за Николај вреди“, искрено призна Симов.
Таа зборуваше и за емотивните повреди кои ги доживеала во односот со Данило, но потенцираше дека и покрај сè, најважна ѝ е добросостојбата на нивниот син и неговото детство со две присутни родителски фигури.
Изјавата на Тара предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде многумина ја поддржаа за храброста и посветеноста како мајка!
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОТО ВИДЕО ТУКА!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!