6 НЕОБИЧНИ СИМПТОМИ НА БОЛЕН ЦРН ДРОБ! ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ЗНАЦИ!
6 НЕОБИЧНИ СИМПТОМИ НА БОЛЕН ЦРН ДРОБ! ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ЗНАЦИ!
Гастроентеролог апелира: Овие шест симптоми може да бидат знак за оштетен црн дроб – иако на прв поглед не делуваат така.
Црниот дроб игра клучна улога во одржување на здравјето – служи како филтер кој ги отстранува токсините од крвта, помага во варењето на храната преку производството на жолчка и складира важни нутриенти и енергија.
Но, и покрај тоа, црниот дроб често е запоставен орган, за кој ретко размислуваме – сè додека не се појават посериозни проблеми.
Во раната фаза, симптомите можат да бидат нејасни и лесно се игнорираат. Болеста може тивко да напредува, сè додека црниот дроб не биде сериозно оштетен.
Според Хиндустан Тимес, ова се шесте невообичаени симптоми кои никако не треба да ги игнорирате:
1. Се будите подуени и уморни
Ако секое утро се чувствувате надуени, без енергија и со намален апетит, можно е црниот дроб да има проблеми со нормалното функционирање.
2. Мачнина и губење на апетит
Доколку често чувствувате мачнина без очигледна причина и немате желба за храна – тоа може да биде тивок знак дека црниот дроб не ги извршува своите функции како што треба.
3. Упорни масни наслаги на стомакот
Сало кое упорно се собира во пределот на стомакот може да биде показател дека црниот дроб има потешкотии при разградување на мастите.
4. Темни дамки на лицето, вратот или под пазувите
Појава на пигментации на одредени делови од телото, особено ако не се поврзани со изложеност на сонце, може да сигнализира инсулинска резистенција или натрупување токсини во телото, што укажува на преоптоварен црн дроб.
5. Непријатност или болка во десната страна на стомакот
Болка, тежина или непријатност под десниот ребрен лак (десен хипохондриум) може да биде знак за воспалителни процеси или зголемен црн дроб. Овој симптом не смее да се игнорира.
6. Хроничен замор кој не минува
Ако сте постојано исцрпени, дури и по долг одмор, тоа може да значи дека црниот дроб не успева ефективно да ги исфрли токсините и да го одржува метаболизмот во баланс.
Внимание: Овие симптоми можат да изгледаат како нешто минливо или безначајно, но ако се појавуваат често – побарајте стручно мислење! Црниот дроб не боли сè додека не биде сериозно загрозен.
Хyпе ТВ
КОНCЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!