„ОВА НЕ БИ ГО ПОСАКАЛ НИ НА НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ“ – Дино Мерлин ПРОГОВОРИ ЗА ТЕШКИОТ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: „Со некое чудо се извлеков!“
„ОВА НЕ БИ ГО ПОСАКАЛ НИ НА НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ“ – Дино Мерлин ПРОГОВОРИ ЗА ТЕШКИОТ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: „Со некое чудо се извлеков!“
Дино Мерлин само еднаш јавно проговори за најтешкиот период од својот живот.

Тој откри дека се борел со тешка депресија, а за тоа, во тој момент, знаеле само неколкумина од неговото најблиско опкружување. Во јавноста ништо не се знаеше за ова сè додека тој не реши да проговори отворено. Дино дури размислувал да се повлече од музиката, а животот за него немал никаква вредност.
„ОВА НЕ БИ ГО ПОСАКАЛ НИ НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ“ – ПРОГОВОРИ МЕРЛИН
– Во еден период од животот бев сериозно болен. Имав многу тешка депресија. Тоа не му го посакувам никому. Се манифестираше така што не бев способен за ништо – изјави пејачот за хрватските медиуми.
– Апсолутно ништо не ме интересираше, за мене животот и смртта беа исто. Бев како растение. Тоа беше период кога размислував да се откажам од музиката, многу работи ми се вртеа низ глава… но, со некое чудо, успеав да се извлечам – раскажа Мерлин.
– Решив да продолжам, и во 2000 година го снимив албумот „Средином“, на кој сум навистина горд – додаде музичарот.
Со поддршка од сопругата Амела, со која има две деца – ќерката Наида и синот Хамза, тој ги пребродил тешките моменти и денес е посветен на семејството и работата.
ПОСЛЕ 15 ГОДИНИ, МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ! „Нема ден да не ме побара некој од Хрватска за настап“
На големата сцена на Арена Загреб ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку славни гости, чии имиња ќе бидат тајна сè до последниот ден. Целта е оваа долгоочекувана вечер навистина да биде спектакл.
Со оваа пригода, Мирослав Илиќ ќе го одбележи повеќе од 50 години успешна кариера, исто како што неодамна го стори тоа и во Белград.
– Тоа ќе биде ноќ полна со сеќавања, бидејќи веќе три генерации израснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи чии концерти ги посетуваат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да се напијат. А кога ќе ја видам таа публика пред мене, ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува и без разлика колку години ќе имам, ќе пеам и во длабока старост. Сè додека ме служи гласот и додека не ме изнесат од сцената – истакна легендарниот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.