ОВОЈ КУЈНСКИ АПАРАТ ТРОШИ НАЈМНОГУ СТРУЈА КОЛКУ 65 ФРИЖИДЕРИ! Еве ги триковите како да го спречите тоа!
ОВОЈ КУЈНСКИ АПАРАТ ТРОШИ НАЈМНОГУ СТРУЈА КОЛКУ 65 ФРИЖИДЕРИ! Еве ги триковите како да го спречите тоа!
Во речиси секое домаќинство се крие тивок потрошувач на енергија кој го користиме секојдневно без многу размислување – а троши повеќе отколку што претпоставуваме.
Фото: Пиxабаy
На прв поглед, станува збор за безопасен кујнски апарат. Но, штом го вклучите, потрошувачката „скока во небо“ – толку многу што сметката може да ве остави без зборови.
Овој кујнски апарат троши струја колку 65 фрижидери! Еве како да го спречите тоа!
Да, зборуваме за електричната рерна – стандардна опрема во секоја кујна и незаменлив сојузник во подготовката на оброци. Иако делува безопасно, кога станува збор за потрошувачката на електрична енергија, рерната се однесува како вистински енергетски чудовиште. Звучи неверојатно, но некои мерења покажуваат дека рерна во полн капацитет може да троши исто струја како 65 фрижидери!
Во споредба со фрижидерот кој работи постојано, но рамномерно и ефикасно, рерната се вклучува поретко, но тогаш троши огромни количини енергија – од 2.000 до дури 5.000 вати на час.
Ситници што се собираат – и шокираат
Можеби едно користење дневно не ви изгледа страшно, но кога ќе се собере потрошувачката на неделно или месечно ниво – износот на сметката станува сериозен. Освен што ѝ треба многу енергија за брзо загревање, рерната мора да одржува висока температура подолго време – што дополнително ја зголемува потрошувачката.
Што можете да направите? Еве неколку паметни трикови:
- Искористете ја заостанатата топлина: исклучете ја рерната неколку минути пред крајот на печењето – затворените врати ќе задржат доволно топлина за јадењето да се доврши без дополнително трошење струја.
- Гответе во серии: кога веќе ја загревате рерната, подгответе повеќе јадења одеднаш – ќе заштедите и време и енергија.
- Редовно чистење: мрснотијата и нечистотијата го отежнуваат рамномерното загревање, па уредот мора да троши повеќе струја за да ја постигне посакуваната температура.
- Исклучете ја кога не се користи: дури и кога не работи, ЛЕД светлата и „стендбај“ режимот трошат струја непотребно.
Не е само прашање на здравје – туку и на сметка
Иако подготовката на храна во рерна често е поздрава од нутритивен аспект, кога станува збор за енергија – тоа не е најповолен избор. Новите модели со подобри енергетски ознаки се поефикасни, но проблемот не исчезнува целосно. Разбирањето на потрошувачката и одговорното користење се клучни за пониска сметка и поодржлив начин на живот.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХYПЕ МК/Е.Л.