24 годишно момче од Струшко со „мерцедес“ излетал од патот: две лица се тешко повредени!
24 годишно момче од Струшко со „ мерцедес “ излетал од патот: две лица се тешко повредени!
Вчера околку 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс ИНЕКС во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски таблици излетало од коловозот.
Возилото било управувано од 24 годишниот Х.Ѓ. од селото Луково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил самиот возач како и неговата сопатничка 32 годишната Г.Д. од Охрид!
СВР Охрид извршил увид на место на несреќата!
24 годишно момче од Струшко со „мерцедес“ излетал од патот: две лица се тешко повредени!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
БОНУС ВЕСТ:
НИКОЛА ЈОКИЌ Е МВП НА ДЕЦЕНИЈАТА! Српскиот кошаркар направи нешто што никому досега не му успеа!
Иако оваа сезона не ја доби МВП наградата – која му припадна на Шеј Гилџес-Александер – Никола Јокиќ постигна нешто што никој друг во историјата на НБА не успеал.
Јокиќ трипати ја освои МВП наградата, и тоа без ниту еден соиграч со ол-стар калибар во првите десет сезони од својата кариера. Тоа го прави првиот играч кој успеал да го стори тоа во последните 42 години.
Според податоци на странски медиуми, во последниве 42 години, 25 различни играчи ја добиле оваа престижна награда, вклучувајќи го и Гилџес-Александер. Но, ниту еден од нив немал помалку од четири соиграчи кои биле избрани во првата петорка на НБА, за најдобар дефанзивец или биле ол-старови во сезоните кога тие ја освојувале наградата.