18-ГОДИШЕН НАВИВАЧ НА ПАРТИЗАН БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН ВО АВТОБУС – ЛЕКАРИТЕ СЕ БОРАТ ЗА НЕГОВИОТ ЖИВОТ!
18-ГОДИШЕН НАВИВАЧ НА ПАРТИЗАН БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН ВО АВТОБУС – ЛЕКАРИТЕ СЕ БОРАТ ЗА НЕГОВИОТ ЖИВОТ!
Осумнаесетгодишниот Огњен Л., навивач на белградски Партизан, се наоѓа во критична здравствена состојба откако беше брутално претепан во автобус на линија 18 во Белград, во напад за кој се сомничи група поврзана со Таурунум Боyс, навивачка група на ФК Земун.
Фото/ФК Партизан
Според информациите на „Телеграф“, младото момче е хоспитализирано во Клиничкиот центар „Земун“, каде лекарите водат борба за неговиот живот. Повредите што ги здобил се тешки телесни повреди опасни по живот – скршеници на черепот, раката и ногата, како и внатрешно крварење на мозокот.
Инцидентот се случил кога, според очевидци, околу дваесетина лица опремени со палки и метални предмети го запреле автобусот и насилно влегле во него. Огњен бил идентификуван како навивач на Партизан поради облеката со клупски обележја, по што бил цел на брутален напад. Дополнително, полесни повреди се констатирани кај уште две лица кои се наоѓале во негова близина.
ЧЕЛИЧНИОТ УРКО СЕ ПРИСЕТИ НА РАНАТА МЛАДОСТ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАЛ
Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста, а надлежното јавно обвинителство ја води истрагата, со цел да се утврдат директните извршители и можните мотиви за нападот. Случајот повторно го отвора прашањето за безбедноста во јавниот превоз и растечкото насилство поврзано со навивачки групи во Србија.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.