16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
16-годишно девојче исчезна во Скопје – МВР трага по неа!
Полицијата трага по 16-годишната Д.П. од Скопје, која е пријавена за исчезната од нејзината мајка на 6 мај. Според Министерството за внатрешни работи, тинејџерката се оддалечила од својот дом и оттогаш нема трага од неа.
фото: дw
„На 06.05.2025 во 00.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.П. (42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка Д.П. (16)“, потврдуваат од МВР.
Се преземаат сите неопходни мерки за нејзино лоцирање. Засега не се споделуваат повеќе информации за изгледот или околностите на исчезнувањето.
Од полицијата апелираат до граѓаните – доколку имаат каква било информација која може да помогне во пронаоѓањето, веднаш да ја пријават на 192 или во најблиската полициска станица.
БОНУС ВЕСТ:
Се бара 24-годишниот Фатон Латифи од Куманово – исчезнал во непознат правец!
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА JУТУБ КАНАЛОТ НА ХАЈП МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!