122 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ!
122 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ!
ФОТО/МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА
Со централна прослава на историскиот „Мечкин Камен“ во Крушево и со низа чествувања низ целата држава, денеска Македонија ги одбележува 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – два темели на македонската државност и идентитет.
Во Крушево, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, официјалната програма започна со положување цвеќе на гробот на Никола Карев, како и на споменикот на хероите од месноста „Слива“. По панихидата во храмот „Св. Никола“, претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе и на „Мечкин Камен“, каде што и се обрати пред присутните.
Паралелно, чествувања се одржуваат и во главниот град. Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието, пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на плоштадот „Македонија“ пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.
Мицкоски ја предводеше и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Ташмаруништа, заедно со претседателот на ОК Струга, Ален Деребан, и пратеникот Јован Јаулески, каде исто така беа оддадени почести.
Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, присуствуваше на одбележувањето на 81 година од Првото заседание на АСНОМ во Меморијалниот центар во Пелинце, а државната делегација предводена од неа го посети и манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде во 1944 година се одржа историското заседание.
Цвеќе пред спомен-обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје положија и делегации од политички партии и институции.
Оваа година се навршуваат точно 122 години од почетокот на Илинденското востание, кое во 1903 година започна со камбаните на полноќ во Крушево. Градот беше ослободен од околу 800 востаници, а Никола Карев ја прогласи Крушевската Република, која траеше десет дена. По жестока османлиска офанзива предводена од Бахтијар-паша, востанието беше задушено, а војводата Питу Гули загина на „Мечкин Камен“ – симболичниот крај на Републиката.
Токму 41 година подоцна, во 1944 година, 115 делегати на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ ја поставија темелната структура на современата македонска држава. Под водство на Методија Андонов – Ченто и со говорот на Панко Брашнаров, беа донесени историски одлуки, вклучувајќи го и Решението за македонскиот јазик како службен, и Декларацијата за основните човекови права.
Илинден останува симбол на борбата за слобода, достоинство и државност – спомен што секоја година ја потсетува Македонија на нејзините корени и иднина.
КАДЕ МОЖЕТЕ ДА НЕ ГЛЕДАТЕ!
Хyпе ТВ
КОНЦЕРТ ВО СКЕНДЕРИJА – ЛУКАС, ШКОРИḰ, ИЛИḰ – КАРТИ ТУКА.
БОНУС ВИДЕО!
КОЈА Е НОВАТА ДЕВОЈКА НА БАКА ПРАСЕ? Работела во ресторан, студира тежок факултет! (ФОТО)
ИНСТАГРАМОТ НА КАРЛЕУША ПОВТОРНО ИЗБРИШАН!
СНЕЖЕ ВЕЛКОВ ГО ДОБИЛА ИМЕТО ПО „СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА“ – БРАТ И ГО ДАЛ ПРЕДЛОГОТ! (ФОТО)
Сидни Свини го украде шоуто на венчавката на Џеф Безос – сите погледи вперени во неа!
ВРЕМЕСКА БОМБА ЗА ПОНЕДЕЛНИК! — 30 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ: ЖЕШКО, СТИЛСКО И СО ПРИВРЕМЕНИ ДОЖДОВИ!