Семејството на Фросина Кулакова бара дисциплинска постапка против судијката поради пресудата од 12 години за смртта на нивната ќерка!
Семејството на Фросина Кулакова бара дисциплинска постапка против судијката поради пресудата од 12 години за смртта на нивната ќерка!
Со марш од Универзална сала до Основниот кривичен суд во Скопје, семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова го изрази својот револт поради вчерашната судска пресуда со која возачот Васил Јованов доби 12 години затвор за нејзината смрт. Протестот беше проследен со јавно барање до Судскиот совет за покренување дисциплинска постапка и времено суспендирање на судијката Снежана Марковска, која ја донесе пресудата.
„Бараме максимална затворска казна – 20 години затвор без олеснителни околности. Овој човек бил пијан, без возачка дозвола, го прегази нашето дете на пешачки премин додека горело црвено светло. Судот го третира како примерен спортист, но не кажува дека е исфрлен од клуб поради насилство“, изјави Тодор Кулаков, татко на Фросина.
Семејството остро ја критикува одлуката на судот, нарекувајќи ја „несправедлива и опасна преседанска пракса“. Според нив, судијката Марковска го занемарила криминалното минато на обвинетиот и не ја проценила тежината на делото во согласност со реалните околности.
фото: принтскрин/независенвесник
„Бараме Судскиот совет да го испита нејзиното постапување – дали било професионално, непристрасно и во согласност со законите, и дали имало надворешни влијанија“, додаде Кулаков.
Покрај барањата за дисциплинска постапка и суспензија на судијката, семејството повика и на законски измени. Тие предложија воведување ново кривично дело – „тешко дело со крајна небрежност и смртна последица“ со минимална казна од 15 години затвор, како и креирање регистар на опасни сторители за кои одредени улици би биле забранети за возење.
На протестот присуствуваа и други семејства кои изгубиле блиски лица во слични сообраќајни трагедии. Мајката на Алек Радуловиќ, млад човек кој загина во 2021 година, сведочеше за својата трогодишна борба низ судскиот систем без праведна разврска.
Семејството Кулаков упати јавно барање до Судскиот совет за транспарентен одговор и конкретни мерки: „Доста беше со формалности – време е правдата да има содржина.“
ГАЛЕНА ГИ СОБЛЕЧЕ ГАḰИЧКИТЕ НА СРЕД НАСТАП И ПОКАЖА КАКОВ ЧОВЕК Е!
МЕГАН ФОКС СЕ ПОРОДИ! Актерката го дочека своето прво дете со Машин Ган Кели!
СУДОТ ГО ОТСТРАНИ ПАЛЧО ОД СУДНИCА ПО БАРАНJЕ НА КЕШИШЕВ!
Кристина Димитри фатена во друштво на мистериозен маж – нова љубов на повидок?
Мариjа Луиса направи ПЕНА ФЕСТИВАЛ, овоj пат домаḱинството не ì тргна од рака!
Да не се шират дезинформаcии за Горан Тонев – гитаристот на ДНК! Апел од близок роднина!
Jон Фрчкоски КОРИСТЕЛ КОКАИН НА РАБОТНОТО МЕСТО! Поднесе оставка по обвинувањата!
Приведен маж од Радовиш по насилство врз бремена жена во живо на ТикТок!
Првиот паcиент успешно се врати во Македониjа!
ФАТЕНА СО ЗАДРУГАР ВО ХОТЕЛОТ! Душиcа Jаковљевиḱ по шоуто го напушти Белград!
Бонус видео:
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ ХYПЕ.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ВИБЕР, ИНСТАГРАМ: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YОУТУБЕ КАНАЛОТ – ХYПЕ МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!