Епа ова не го очекувавме – новата градинка во Бутел уште неотворена, веќе на мета на вандали
Епа ова не го очекувавме – новата градинка во Бутел уште неотворена, веќе на мета на вандали
Фото: Индерг
Да, добро читате! Сè уште не сме стигнале до есен, а новата градинка во Бутел 1 веќе доби непосакуван „редизаjн“ од страна на (очигледно) креативни вандали.
Според последните муабети од Општина Бутел, инcидентот не е случаен – МВР веќе има неколку осомничени лиcа под лупа и се подготвува брза акcиjа. Казна? Кривични приjави и вероjатно – засрамени родители.
Градоначалникот Дарко Костовски – бесен. Вели дека ова е срамота од невидени размери и апелира до граѓаните да не го рушат тоа што се гради со пари од сите нас. Замислете само – години на планирање, пари, труд… и ете ти, некоj решил да си игра уметник со фасадата.
Од општината гордо изjавуваат дека Бутел доживува вистинска ренесанса – не една, туку две нови градинки се градат паралелно. Ама ете, некому очигледно му пречи тоа што конечно има простор за дечињата.
Што мислите, дали е ова акт на обична досада, или пак има некоj скриен политички мотив зад “уметноста”?
Ние ќе следиме.
ГАЛЕНА ГИ СОБЛЕЧЕ ГАḰИЧКИТЕ НА СРЕД НАСТАП И ПОКАЖА КАКОВ ЧОВЕК Е!
МЕГАН ФОКС СЕ ПОРОДИ! Актерката го дочека своето прво дете со Машин Ган Кели!
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАJТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАJНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТЕТЕ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАJНОВИ ВЕСТИ ОД ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Д.Н.