Дневен хороскоп – вторник, 10 јуни: Рибите имаат потреба од одмор, Овните нека се соочат со обврските што долго ги одложуваа!
Дневен хороскоп – вторник, 10 јуни: Рибите имаат потреба од одмор, Овните нека се соочат со обврските што долго ги одложуваа!
Рибите имаат потреба од одмор, Овните нека се соочат со обврските што долго ги одложуваа!
фото: пиxабаy
ОВЕН
Денешниот ден е идеален за решавање на обврските кои подолго време ги одложувате. Вашата енергија е силна, но внимавајте да не претерате и да не „изгорите“. Избегнувајте конфликти – зборовите денес имаат поголема тежина отколку што мислите.
БИК
Фокусирајте се на стабилноста. Можно е некој да ве тестира или да побара повеќе од она што сте подготвени да дадете. Не плашете се да кажете „не“. Останете верни на себе. Во деловните односи може да испливаат скриени тензии.
БЛИЗНАЦИ
Блескате во комуникацијата. Искористете ја оваа предност за деловни преговори, контакти и решавање на стари недоразбирања. Информацијата што денес ќе ја слушнете може целосно да ви ја смени перспективата.
РАК
Се чувствувате почувствителни од вообичаено. Важно е да се опкружите со луѓе кои ве разбираат и поддржуваат. Вашата интуиција ќе ви помогне да ја препознаете вистината под површината. Личност во знакот Лав ви нуди интересна поддршка.
ЛАВ
Вашето присуство е силно и забележливо. Искористете го денот за претставување идеи, креативна работа или водење на тим. Но внимавајте – соработката носи повеќе отколку доминацијата. Можно е да се соочите со финансиски предизвици.
ДЕВИЦА
Се бара вашата прецизност. Посветете се на деталите и организацијата. Не дозволувајте туѓиот хаос да ве извади од рамнотежа. Деловната ситуација може да биде напната. Навечер, одморете се во тишина.
ВАГА
Фокусот е на меѓучовечките односи. Можно е да дојде до тензија – обидете се да ја разберете и другата страна. Не се обидувајте да им угодите на сите, туку бидете искрени. Здравствената состојба ви е постабилна во последно време.
ШКОРПИЈА
Чувствувате силна потреба за промена. Без разлика дали станува збор за работа или чувства, денешниот ден може да биде пресвртница. Не ги игнорирајте внатрешните импулси. Не дозволувајте другите премногу да се потпираат на вас.
Дневен хороскоп – вторник, 10 јуни: Рибите имаат потреба од одмор, Овните нека се соочат со обврските што долго ги одложуваа!
СТРЕЛЕЦ
Денот е полн со обврски и динамика. Чувајте ја вашата енергија и не преземајте сè одеднаш. Добар момент е за учење, пишување или патување. Личност во знакот Јарец ви дава деловна поддршка.
ЈАРЕЦ
Деловните теми доминираат. Чувствувате притисок да бидете совршени. Обидете се да не поставувате премногу високи стандарди – дозволете си и мали грешки. Можни се проблеми со ‘рбетот.
ВОДОЛИЈА
Денот е исполнет со необични идеи. Отворете се кон нови решенија и бидете подготвени за промени. Разговор со пријател може да ви донесе нова инспирација. До крајот на денот – интересна комуникација.
РИБИ
Потребно ви е повлекување и регенерација. Посветете се на себе, уметноста, медитација или природата. Не дозволувајте другите да ви го нарушат внатрешниот мир. Љубовната состојба е постабилна овие денови – благодарение на вас.
МИРОСЛАВ ИЛИЌ СЕ ВРАЌА ВО АРЕНА ЗАГРЕБ ПО 15 ГОДИНИ! „Нема ден да не ме повика некој од Хрватска на настап“
На големата сцена во Арена Загреб ќе му се придружи голем оркестар, како и неколку славни гости чии имиња се чуваат во тајност до последниот момент. Сѐ е подготвено ова долгоочекувано вечерно случување да биде вистински спектакл. По тој повод, Мирослав Илиќ ќе одбележи повеќе од 50 години успешна кариера, слично како што неодамна направи во Белград.
„Тоа ќе биде ноќ полна со спомени, бидејќи веќе три генерации пораснаа со моите песни. Јас сум еден од ретките изведувачи на чии концерти доаѓаат деца, родители, баби и дедовци. Сите сакаат да запеат и да се напијат. А кога ќе ја видам таквата публика пред себе, тоа ми дава сила да полетам. Публиката ме подмладува и, колку и да имам години, ќе пеам и во длабока старост. Додека ме држи гласот – и додека не ме изнесат од сцената“, истакна прочуениот пејач.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
HYPE МК/Е.Л.