ЖИВОТОТ ГО ЗАГУБИ 20-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД ОХРИД, ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ КОН БИТОЛА… ВТОРА ЖРТВА ВО СТРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА!
ЖИВОТОТ ГО ЗАГУБИ 20-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД ОХРИД, ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ КОН БИТОЛА… ВТОРА ЖРТВА ВО СТРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА!
По тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патниот правец Ресен – Битола, на околу еден километар по Макази во насока кон Битола, потврдена е и втора жртва.
Фото/Пехелс
Животот го загуби 20-годишно момче од Охрид, кое било тешко повредено во судирот и подоцна починало во Клиничката болница во Битола.
Од СВР Битола за „Апла“ потврдуваат дека во несреќата загинале две лица. На лице место починал 52-годишен маж од Битола, со живеалиште во Германија, кој управувал со возило „Мерцедес“ со странски ознаки. Второто возило, „Опел“ со охридски регистрации, го возеле две лица на возраст од 20 години. Едниот од нив, роден во 2005 година, ја загубил битката со животот во болница поради сериозноста на повредите.
„На 18.08.2025 година во 13:09 часот, се случила сообраќајна незгода на патот АЗ Битола–Ресен, во близина на местото Слечиште, помеѓу патничко возило ‘мерцедес’ управувано од 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија, и ‘опел’ со охридски ознаки. Битолчанецот починал на самото место, додека едно од двете лица од опелот, родено 2005 година, починало во Клиничката болница во Битола“, информира портпаролката Сања Стаматова.
Според неофицијални информации, возилата наводно извршувале претекнување дури и на третата лента, што можеби придонело за тежината на несреќата. Едно од возилата целосно изгорело по ударот. Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат во наредните денови.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.