„Најдобриот моден детаљ? Згоден маж покрај жената!“: КОКО ШАНЕЛ И НЕЈЗИНИТЕ БРИЛИЈАНТНИ ЗБОРОВИ
„Најдобриот моден детаљ? Згоден маж покрај жената!“: КОКО ШАНЕЛ И НЕЈЗИНИТЕ БРИЛИЈАНТНИ ЗБОРОВИ
ФОТО/ форбс
Коко Шанел- Модна револуционерка со остроумие и дух кој трае
Креаторка која засекогаш го промени светот на модата, пионерка на малиот црн фустан, творец на безвременскиот парфем Cханел Но. 5, икона што и денес инспирира генерации – тоа е Коко Шанел. Жената која покажа дека стилот не е само облека, туку начин на живот, став и филозофија.
МАРЈАНА СТАНОЈКОВСКА ВО ОГНЕНО ИЗДАНИЕ: НЕ ЗАЛУДНО ЈА ИЗБРАА ЗА Мис Бикини на Универзумот
Позната по својот остар ум, префинет вкус и несекојдневен пристап кон животот, Габриел „Коко“ Шанел секогаш излегувала од рамките на традиционалното. Како што самата некогаш изјави:
„На светот има многу војвотки – но само една е Коко Шанел.“
Во чест на нејзината оставнина, ви ги пренесуваме некои од највпечатливите мисли и цитати кои го дефинираат нејзиниот поглед кон стилот, женственоста и животот:
20 вечни цитати од Коко Шанел
-
„Чувајте се од оригиналноста – во женската мода, оригиналноста може да доведе до маскенбал.“
-
„Создавањето сопствена мода може да си го дозволат само младите жени. Постарите треба да се држат до класиката.“
-
„Грижата за убавината започнува од срцето и душата – без тоа, шминката е бескорисна.“
-
„Жените облечени во светли тонови тешко се доведуваат во лошо расположение.“
-
„Чипката е најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите? Тие се секогаш добра идеја.“
-
„На 20 години жената го има лицето кое ѝ го дала природата. На 30 – она што сама го создала. На 40 – она што го заслужила.“
-
„Рацете се визит-карта, вратот е лична карта, а градите – пасош на секоја жена.“
-
„Годините не се најважното – жената може да биде убава на 20, шармантна на 40 и неодолива до крајот на животот.“
-
„Парфемот е невидлив, но незаборавен моден додаток. Тој е гласник на жената, каде и да оди.“
-
„Најдобриот моден детаљ? Згоден маж покрај жената.“
-
„Ништо не ја прави жената постара како исклучиво скап костим.“
-
„’Кога да користам парфем?’ – праша една девојка. ‘Кога сакаш да бидеш бакнувана,’ – одговорив јас.“
-
„Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе.“
-
„Убавината останува. Симпатичниот изглед избледува. Но жените сè уште се стремат кон симпатичност.“
-
„Кога ништо не оди како што треба – изгледај убаво.“
-
„Луксуз не е спротивставување на сиромаштијата. Тоа е спротивставување на вулгарноста.“
-
„Луѓето со добар вкус носат бижутерија. Сите останати – злато.“
-
„Не се обидувајте да се подмладувате. На 50 години не сте млади, но можете да изгледате подобро од неуредна 20-годишна.“
-
„Главното кај жената не е облеката – туку манирите и мудроста.“
-
„Слободата – таа е секогаш во мода.“
Шанел не само што креираше мода – таа креираше начин на живеење. И остави зборови кои не избледуваат, како ни нејзиниот стил.
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т