ЕВЕ КОЈ Е СТРУМИЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ УБИЕН И ФРЛЕН ВО ЦРНА КЕСА ВО БОЛИВИЈА! (ФОТО)
ЕВЕ КОЈ Е СТРУМИЧАНЕЦОТ КОЈ БЕШЕ УБИЕН И ФРЛЕН ВО ЦРНА КЕСА ВО БОЛИВИЈА! (ФОТО)
Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека се чека официјална потврда од боливиските власти за идентитетот на тројцата загинати во вооружен инцидент што се случил во градот Санта Круз, Боливија.
ФОТО/ билц рс
Според информации објавени во српските медиуми, меѓу жртвите се наоѓа и државјанин на Македонија. Македонската амбасада со седиште во Бразил е во постојана комуникација со боливиските институции преку Амбасадата на Боливија во Бразилија. Како што соопштија надлежните, се очекува завршување на обдукцијата, по што ќе следуваат официјални информации за идентитетот и причините за трагичниот настан.
Според неофицијални извештаи, жртвите се идентификувани како 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“, 38-годишниот Миљан Ѓекиќ од Ниш, како и трето лице со засега непотврден идентитет, за кое постои сомневање дека користело фалсификувани документи.
Телата биле пронајдени во куќа во населбата Петролеро Норте, завиткани во црни пластични кеси. Првичните наоди од истрагата укажуваат дека жртвите можеби биле подложени на тортура. Едниот од загинатите бил застрелан во глава, додека другите двајца настрадале од тешки удари со тап предмет, информира локалниот медиум „Ел Дебер“. Се наведува и дека Лазаревски поседувал и бугарски пасош.
Истражните органи уапсиле четири лица, вклучително и таксист за кој се верува дека бил ангажиран да ги превезе жртвите и можни осомничени. Запленети се две возила, од кои во едното е пронајдена муниција со калибар 9 мм. Дополнително, се прегледуваат безбедносни снимки од надзорни камери, а куќата каде што беа пронајдени телата е ставена под засилен полициски надзор. Се испитува дали жртвите биле држени таму против своја волја или биле донесени на тоа место по настанот.
Српски медиуми наведуваат дека трите жртви можеби биле вклучени во пресметка поврзана со локални нарко-картели и со таканаречениот „балкански картел“. Исто така, се истакнува дека убиството предизвикало сериозна вознемиреност меѓу познати криминални кругови во Ниш и Струмица, каде што жртвите биле познати по прекарите „Итри“, „Македонец“ и „Мали Коста“.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т
БЕЗ ГРАМ ШМИНКА: МАКЕДОНКАТА СО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ЗАДНИЦИ ПЛЕНИ И КОГА НЕМА ФИЛТРИ!