„ОНА НА ШТО СЕ ПРОТИВИШ- ПРЕЖИВУВА!“ Карл Густав Јунг, ден од највлијателните психијатри на 20-от век
„ОНА НА ШТО СЕ ПРОТИВИШ- ПРЕЖИВУВА!“ Карл Густав Јунг, ден од највлијателните психијатри на 20-от век
Основачот на аналитичката психологија зад себе остави мудрости кои сè уште го обликуваат начинот на кој го разбираме човечкиот ум
ФОТО/ ДИАНА КЕЛЕР
Карл Густав Јунг (1875–1961), еден од највлијателните психијатри на 20-от век, претставува столб на современата психологија. Како основач на аналитичката психологија, тој даде клучен придонес во разбирањето на човечката психа, создавајќи концепти кои и ден-денес се користат – како што се колективното несвесно, архетипите, сенката, анимата и процесот на индивидуализација.
Јунг веруваше дека психата е саморегулирачки систем, слично како и телото – што постојано се обидува да воспостави рамнотежа меѓу спротивностите. Според него, патот до ментално здравје не е бегство од сопствените темнини, туку нивно интегрирање и прифаќање – процес што го нарекува индивидуализација, односно личен развој и остварување на сопствениот потенцијал.
Никогаш нема да добиете тешка болест: Најпознатиот професионалец за исхрана ви нуди 12 ВРВНИ совети
Од богато детство до умот на светот
Роден во богато швајцарско семејство, со татко-свештеник и мајка која имала интерес за духовни и психолошки појави, Јунг уште во детството се запознал со темите што подоцна ќе станат центар на неговата работа – духовноста, менталното здравје и човечката природа.
Студирал медицина во Базел, а веќе на 25 години станал асистент на познатиот психијатар Еуген Блојлер во психијатриската клиника Бургелцли во Цирих. Докторирал на 27 години, а со само 30 станал доцент на Универзитетот во Цирих. Иако првично бил близок со Фројд, нивната соработка завршила поради несогласувања во однос на несвесното и религијата – што го постави Јунг како самостојна фигура во историјата на психоанализата.
Животна филозофија изразена преку зборови
Карл Јунг не е познат само по своите научни трудови, туку и по бројни цитати полни со длабочина и животна мудрост. Тие не само што ги инспирираат психолозите, туку и секој поединец кој сака да се разбере себеси и светот подобро.
Некои од неговите најпознати мисли:
-
„Најтешкиот товар што лежи на рамениците на децата е неизживениот живот на нивните родители.“
-
„Оној што гледа надвор – сонува. Оној што гледа внатре – се буди.“
-
„Јас не сум она што ми се случи, јас сум она што одлучив да бидам.“
-
„Депресијата е како дама во црно. Ако дојде кај тебе – не ја истерувај. Седни со неа и слушај што има да ти каже.“
-
„Она на што се противиш – преживува.“
-
„Осаменоста не значи отсуство на луѓе, туку неможност да се зборува за важните нешта.“
Овие цитати сведочат за Јунговата длабока емпатија, разбирање за човековите внатрешни борби, но и вербата дека секој од нас го има капацитетот за трансформација и целосно себеспознавање.
Дали можат да не излечат верата или лекови и психијатри: ЈЕРОТИЌ со фантастичен одговор
Влијание што надминува психологија
Карл Јунг остави силно влијание не само врз психијатријата и психотерапијата, туку и врз филозофијата, уметноста, религијата и поп-културата. Неговите идеи за архетипите и колективното несвесно се вградени во литература, филм и митологија, а голем број уметници, писатели и режисери – од Стенли Кјубрик до Џозеф Кембел – отворено признавале дека неговите идеи им биле клучна инспирација.
Наследство за иднината
Карл Јунг остави зад себе богата оставнина на знаење и мудрост, која и денес се применува во психотерапија, личен развој и духовна практика. Неговата филозофија нè потсетува дека интегритетот на личноста не се постигнува со потиснување на мракот, туку со негово прифаќање. Тоа е патот до вистинска целина – и човечки и психолошки.
БОНУС ВИДЕО:
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Н.Т
БЕЗ ГРАМ ШМИНКА: МАКЕДОНКАТА СО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ЗАДНИЦИ ПЛЕНИ И КОГА НЕМА ФИЛТРИ!