СТРАВИЧЕН СЛУЧАЈ ВО КРИВА ПАЛАНКА: КУЧЕ ВРЗАНО, ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ, ПА ФРЛЕНО ВО РЕКА – СПАСЕНО ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ!
Во близина на Крива Паланка се случи шокантен случај на брутална тортура врз животно што ја потресе јавноста – куче било врзано за возило и влечено по пат, а потоа безмилосно фрлено во речното корито на Крива Река.

Foto/Fejsbuk/Територијална Противпожарна Единица Крива Паланка
Сцената предизвика огромен револт на социјалните мрежи, откако беа објавени фотографии од малтретираното животно. Навремена интервенција спречи трагичен исход – пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка го извлекле кучето од бездната и му пружиле прва помош, пред да го предадат на надлежните институции.
„По дојава за фрлено куче, со тим од двајца пожарникари пристапивме до тешко пристапната локација и успешно го извлековме повреденото животно. За жал, станува збор за уште еден срамен чин на изживување и суровост кон животните“, изјавија од ТПЕ Крива Паланка.
Активистите за заштита на животните веќе го згрижија кучето и најавија дека постапката за вдомување ќе може да започне откако животното ќе се опорави од траумите.
БЕЗ ГРАМ ШМИНКА: МАКЕДОНКАТА СО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ЗАДНИЦИ ПЛЕНИ И КОГА НЕМА ФИЛТРИ!
„Сторителот е идентификуван и против него ќе бидат покренати соодветни законски постапки. А нашата цел сега е – да му обезбедиме топол дом. По сето ова, заслужува само љубов и грижа“, изјави активистката Тања Ололовска Ристевска.
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.MK!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @hypetv.mk!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE KANALOT – HYPE MK ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.
