Голем пожар на хрватското приморје – Затворена Јадранската магистрала! (ФОТО)
Голем пожар на хрватското приморје – Затворена Јадранската магистрала! (ФОТО)
Синоќа, нешто пред три часот наутро, избувнал голем пожар во близина на Јесенице, населено место во општината Дуги Рат. Веста ја потврди Жупанискиот противпожарен оперативен центар (ЖВОЦ) Сплит за „Слободна Далмација“.
Фото/ХАП ТВ
Според снимките објавени на социјалните мрежи и најновите извештаи од утрово, огнената стихија се шири по ридот над куќите, а сè поголем број пожарникари се обидуваат да ги заштитат објектите. Како што јавуваат хрватските медиуми, пожарот над Сумпетар и Јесенице се шири, поради што бројот на пожарникари на теренот достигнал 155, со 50 противпожарни возила.
ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО – ЕДЕН ЗАГИНАТ, ПОВЕЌЕ РАНЕТИ, МЕЃУ НИВ И 12 ГОДИШНО ДЕТЕ!
Фото/ХАП ТВ
– Подигнати се три канадери, на пат е четвртиот, а пристигнува и „ејр трактор“. Засега огнот се движи кон запад, во правец на Горна Подстрана – изјавија пожарникарите.
НОВА ТРАГЕДИЈА НА ХАЛКИДИКИ: 75-ГОДИШНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА СЕ УДАВИ НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА!
Додаваат дека куќите се одбранети и дека засега нема пријави за материјална штета. Како што пренесува „Слободна Далмација“, пожарот е сè уште активен, се врши заштита на објектите, а се очекува и дополнителна помош од воздух.
Фото/ХАП ТВ
– Утрово, околу 02:54 часот, над Сумпетар и Јесенице, поточно кај населеното место Старо Село, избувна пожар и во тек е неговото гаснење – информира ПУ Сплитско-далматинска.
ЧЕЛИЧНИОТ УРКО СЕ ПРИСЕТИ НА РАНАТА МЛАДОСТ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАЛ
БОНУС ВИДЕО!
ЧИТАЈТЕ НЕ НА НАШИОТ ПОРТАЛ HYPE.МК!
СЛЕДЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА VIBER, INSTAGRAM: @хyпетв.мк!
ПРЕТПЛАТИ СЕ НА YOUTUBE КАНАЛОТ – HYPE МК ЗА СИТЕ НАЈНОВИ ВЕСТИ НА ЕСТРАДАТА!
ХАЈП МК/Е.Л.